- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Уживајте во сонцето во наредните два дена, бидејќи веќе од сабота ни пристигнува нов влажен бран. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и во петок ќе се задржи суво и потопло време, со услови за магла во утринските часови. Викендот носи наоблачување и повремени врнежи од дожд. На повисоките планински предели врнежите ќе бидат од снег, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање во споредба со оние кои ќе ги имаме утре.
Во Клубот на пратениците започна лидерската средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски. На средбата, покрај коалициските партнери од ВЛЕН и ЗНАМ, присуствуваат и лидерите на опозициските партии ДУИ и Левица, Али Ахмети и Димитар Апасиев. Како што беше најавено, столчето на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остана празно откако тој минатата недела ја одби поканата. На дневен ред се неколку клучни прашања: Пред почетокот, Димитар Апасиев ги повтори барањата на Левица за една изборна единица и итно укинување на техничката влада. Премиерот Мицкоски претходно истакна дека очекува широк консензус за овие реформи пред неговото заминување на Светскиот економски форум во…
Општините во земјава потрошиле вкупно 785.000 евра за новогодишно украсување, а речиси целата сума завршила на сметката на една иста фирма. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации открива дека скопската фирма „Линк Медиа Плус“ доминира на пазарот, добивајќи 78% од вредноста на сите тендери во државата. Најмногу пари за светилки потрошила Општина Штип – рекордни 81.000 евра, со што се најде пред Градот Скопје кој за истата намена одвоил околу 69.500 евра. Интересен е податокот дека Штип потрошил по 111 денари по жител, додека Скопје само 8 денари. Кога на сумата на Град Скопје ќе се додадат и шесте скопски…
Дочекот на православна Нова година во Чачак помина со голем скандал на настапот на фолк-ѕвездата Ана Бекута. Додека пејачката се обидуваше да го одржи концертот, дел од насобраните демонстранти почнаа да фрлаат снежни топки кон неа, придружени со силен звук од вувузели и свирчиња. Видно револтирана од попречувањето на нејзината работа, Бекута го прекина пеењето и директно им се обрати на напаѓачите: „Срам да ви е! Дали имате мајка? Дали имате сестра? Дали имате баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Нема повеќе да пееме и свириме“, викаше пејачката од бината. Според снимките објавени…
Американскиот претседател Доналд Трамп се најде во фокусот на нов голем скандал по неговата посета на фабриката на „Форд“ во Мичиген. На снимката објавена од порталот „TMZ“, јасно се гледа бурната реакција на Трамп откако еден од работниците во фабриката му упатил тешки навреди. Според информациите, додека Трамп се движел низ комплексот, работникот наводно му довикнал дека е „заштитник на педофилите“, алудирајќи на притисокот врз Белата куќа за објавување на досиејата за Џефри Епштајн. Претседателот не останал должен – на видеото се забележува како изговара пцовка, а потоа, според сведоци, упатува и непристоен гест со средниот прст кон толпата. Инцидентот…
Основниот кривичен суд Скопје му одреди осумдневен притвор на 55-годишен скопјанец, кој се сомничи за оштетување на влезната врата на Амбасадата на Бугарија во Скопје. Мерката е изречена на предлог на Обвинителството, поради опасност од бегство, но и ризик делото да биде повторено. Инцидентот се случил на 11 јануари, кога осомничениот со камен го скршил стаклото на влезната врата од објектот, по што веднаш побегнал. Полицијата успеала да го лоцира и приведе еден ден подоцна на подрачјето на општина Центар. Проти него веќе е поведена кривична постапка, а судот прифати дека постојат законски основи мажот да остане во притвор додека…
Општина Гази Баба продолжува со политиките за поддршка на младите семејства. Од 1 јануари, секое семејство во општината кое ќе добие принова, ќе има право на финансиска помош во висина од 8.000 денари. Според градоначалникот Стефковски, целта на ваквите мерки е директно да се влијае на зголемување на наталитетот и да се охрабрат граѓаните на овој важен чекор. Тој потсети дека кога ја презел функцијата за првпат ја вовел оваа помош, а сега, по две години, таа е речиси двојно зголемена. „Ова е почеток на една политика која ја става грижата за семејството и децата во самиот фокус“, истакна градоначалникот…
На 14.01.2026 во 00:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип втори македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило „дачиа сандеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(61) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „дачиа сандеро“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките Ј.Т.(24) и Ф.Т.(24) од возилото „дачиа“, двете од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е…
Полицијата во Дебар синоќа исклучи од сообраќај возач кој бил во тешка алкохолизирана состојба. Станува збор за 60-годишниот Љ.М. од Дебар, кој бил сопрен на улицата „Јусуф Багери“ додека управувал возило „Фолксваген Пасат“ со струшки ознаки. При алкотестирањето, кај возачот биле измерени високи 1,83 промили алкохол во крвта. „Лицето веднаш било исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ според членот 297-а од Кривичниот законик. Полицијата воедно апелира до сите возачи да бидат крајно внимателни поради замрзнатите коловози и строго…
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа останува во притвор. Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за продолжување на мерката за уште 30 дена, откако првичниот рок истекуваше деновиве. Стафа е под истрага за „примање награда за противзаконито влијание“. Според истрагата на ОЈО ГОКК, Стафа примил 50.000 евра за да влијае кај судија во Апелација. Целта била да се издејствува поповолна мерка за неговиот клиент Љупчо Пецов – Ѓаволот, кој е еден од главните осомничени во акцијата „Синџир“ за даночно затајување од 8 милиони евра. „Непосредно по примањето на парите, осомничениот бил лишен од слобода, при што кај него се пронајдени паричните…
