- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
- Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
- Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
Author: Author 04
Најмалку 90 рудари го загубија животот по силна експлозија на гас во рудникот за јаглен Лиушенју, кој се наоѓа во северниот дел на Кина. Рудникот каде што се случила трагедијата е под директно управување на познатата групација „Тонгжу“ во кинеската покраина Шанкси. Како што објави порталот 4news.mk, инцидентот се случил вчера точно во 19:29 часот по локално време, во моменти кога на должност во рударските јами биле вкупно 247 работници. Веднаш по детонацијата, Кинеското Министерство за управување со вонредни состојби мобилизираше масовни ресурси за справување со последиците од несреќата. На терен се испратени 345 професионални спасувачи поделени во шест екипи,…
Погребот на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, ќе се одржи денеска, 23 мај 2026 година, на гробиштата во скопската населба Нерези. Од Националната опера и балет информираа дека телото ќе биде изложено во капелата во 15:00 часот, додека погребната церемонија ќе започне во 16:00 часот. Матичната куќа со голема жалост се прости од својот долгогодишен истакнат член кој остави голем белег на сцената. „Со длабока почит и тага ќе се простиме од нашиот колега, уметник и пријател, чиј исклучителен глас и уметничко творештво оставија неизбришлива трага во македонската оперска уметност“, стои во објавата. Оперскиот уметник е…
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати официјална честитка до припадниците на влашката заедница по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. Во своето обраќање, таа стави посебен акцент на историскиот континуитет, зачувувањето на јазикот и идентитетските карактеристики на овој народ. „Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет.“ Претседателката потенцираше дека истрајноста и духовното достоинство на Власите се пренесувале низ генерациите и покрај сите историски премрежија. „Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство…
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати официјална честитка до припадниците на влашката заедница во земјава по повод 23 Мај – Меѓународниот ден на Власите. Во своето обраќање, Минчев го потенцираше значењето на оваа заедница во градењето на заедничката држава и нејзиното историско наследство. „Денес оддаваме почит на вековната традиција, култура и духовно наследство на влашката заедница, која претставува нераскинлив дел од општествениот и културниот живот во Република Македонија“, стои во честитката на министерот. Тој посочи дека Власите дале огромен и суштински придонес во сите клучни општествени сфери низ годините. „Власите со својата посветеност, труд и автентичност оставиле длабока трага…
Филипче да каже дали е дел од мрежата на бугарските мисии во Скопје за кои говори Петрова Чамова? Венко Филипче е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија, Филипче отворено ги промовира бугарските позиции и има ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени од Румен Радев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филиче и СДС не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива. За Филипче и СДС не е проблем народот да биде нарекуван „северномакедонски“, ниту…
ДУИ сè уште не може да се помири со новата политичка реалност и со губењето на поддршката кај Албанците. Во недостаток на резултати и доверба од граѓаните, оваа партија избра напади, пропаганда и етикетирања кон секој политички противник, стои во соопштението на ВРЕДИ. „Нападите кон медиумите, анкетите и јавноста јасно го покажуваат растечката нервоза во редовите на ДУИ поради континуираниот пад на поддршката. Албанците веќе зборуваа јасно. Тие гласаа за промени, одговорност и крај на политиката на страв, договори и манипулации што со години го држеа албанското политичко претставување во заложништво. ВРЕДИ е резултат на волјата на граѓаните и новата…
Времето денеска во државата ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер чија брзина ќе надминува 50 километри на час. Според официјалната најава на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Синоптичарите предупредуваат на пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер со брзина над 60 километри на час, како и услови за појава на град. Наутро минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо…
Руските официјални претставници во петокот соопштија дека најмалку четири лица го загубиле животот, а 35 деца се повредени при ноќен украински напад со дрон. Предмет на нападот бил ученички дом во Луганската област, регион во источна Украина кој во моментов се наоѓа под руска контрола. Британската новинска агенција Ројтерс нагласи дека во овој момент нема можност за независна потврда на настанот на терен. Официјален Киев, кој води воени операции за враќање на оваа област, сè уште не излегол со свој коментар за случајот. Инаку, Луганск е една од четирите области кои Русија еднострано ги приспои во 2022 година, во она…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Bekim Sali, по средбите со претставници на Европската комисија и COELA, изјави дека останува силната посветеност за унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија и спроведување на клучните реформи согласно европските стандарди. Тој истакна дека во фокусот на разговорите биле спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, владеењето на правото, реформите во јавната администрација, енергетиката, како и инфраструктурните проекти и регионалната поврзаност. „Беше оценет досегашниот напредок и континуираната соработка со европските институции, при што беше нагласена важноста на праведен, предвидлив и на заслуги заснован процес…
Нов астролошки циклус ветува враќање на рамнотежата за лицата кои со години тивко работеа и го носеа сопствениот и туѓиот товар. Промената на енергетските текови започна кон крајот на мај и носи олеснување на сите витални полиња. „Од 21 мај, енергијата целосно се промени, а трите хороскопски знаци влегуваат во фаза од животот во која конечно би можеле да го почувствуваат она што го чекале долго време – мир, стабилност, признание и финансиско олеснување.“ За Раковите престанува периодот на семејни тензии и административни кочници, што ќе им овозможи постабилно партнерство. „Од 21 мај, многу Ракови конечно почувствуваа големо олеснување. Проблемите…
