Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев со честитка за 23 Мај: Влашката заедница е нераскинлив дел од општествениот и културниот живот во Македонија

    Минчев со честитка за 23 Мај: Влашката заедница е нераскинлив дел од општествениот и културниот живот во Македонија

    23.05.2026 во 09:571 Min Read
    ФОТО: Министерство за јавна администрација
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати официјална честитка до припадниците на влашката заедница во земјава по повод 23 Мај – Меѓународниот ден на Власите.

    Во своето обраќање, Минчев го потенцираше значењето на оваа заедница во градењето на заедничката држава и нејзиното историско наследство.

    „Денес оддаваме почит на вековната традиција, култура и духовно наследство на влашката заедница, која претставува нераскинлив дел од општествениот и културниот живот во Република Македонија“, стои во честитката на министерот.

    Тој посочи дека Власите дале огромен и суштински придонес во сите клучни општествени сфери низ годините.

    „Власите со својата посветеност, труд и автентичност оставиле длабока трага во развојот на нашата држава, придонесувајќи во образованието, културата, науката, економијата и јавниот живот“, се вели во честитката.

    Министерот Минчев додаде дека главна обврска на институциите и на граѓаните е заеднички да продолжат со негување на мултикултурниот дух, меѓусебната почит и еднаквите можности.

    Според него, токму преку зачувување на внатрешните различности во општеството се зацврстува заедничката иднина и демократските вредности.

    „Нека овој ден биде потсетник дека токму различностите не прават посилни, а заедништвото и меѓусебната почит се темел на стабилно и напредно општество“, порача на крајот Минчев.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.