- Камион и автомобил се судрија на обиколница, мотор и кола во Аеродром – Две несреќи во Скопје
- Сали по дебатата во ЕП: Пораките од Брисел се силна потврда за нашата европска перспектива
- 150 ученици од Новаци бесплатно летуваат во хотел „Молика“ на Пелистер
- ФСБ уапси три лица: Спречени терористички напади во три руски региони, запленет странски експлозив
- ВИДЕО: Прослава за 36 години ВМРО-ДПМНЕ – Голем народен собир во Струмица
- Тешко повредени двајца работници по експлозија на боци со кислород – Несреќа при работа во Хрватска
- Трагедија во Младеновац: Автобуска постојка падна врз 12-годишно момче, лекарите се борат за неговиот живот
- Силно невреме и се заканува на Хрватска – Дожд во цел регион, невреме и во Македонија
Author: Author 04
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб страници и веб апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа. Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307. Налогот е доставен до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна во рок од пет дена да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за спроведување. Министерството за дигитална трансформација ќе продолжи со континуирани мерки за сузбивање на нелегалното приредување игри на среќа на…
Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски. „Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари“, изјави Герасимовски. Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на општината. Покрај директната финансиска поддршка, мерката овозможува и прецизна евиденција на бројот на новородени деца на годишно ниво, што претставува основа за следење на демографските движења во општината. Овие податоци се користат и за поефикасно планирање на капацитетите во детските…
Вчера во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28) од с.Романовце. Околу 22:30 часот во с.Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење. Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу е стигнат и фатен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник. С.Ч. е задржан во полициска станица и…
Американското Министерство за финансии издаде ново продолжување на лиценцата за рускиот нафтен гигант „ЛУКОИЛ“, овозможувајќи му на менаџментот да ги продолжи преговорите за продажба на својот меѓународен имот до 28 февруари 2026 година. Оваа одлука на Канцеларијата за контрола на странски имот (OFAC) доаѓа откако претходниот рок (17 јануари) беше оценет како недоволен за финализирање на комплексните трансакции. „ЛУКОИЛ“ е под силен притисок на санкциите воведени од администрацијата на Доналд Трамп, кои имаат за цел да ги пресечат приходите на Москва. „Продолжувањето овозможува склучување на договори со заинтересирани купувачи кои не се под санкции, но секоја финална трансакција мора да…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска појасни дека привременото замрзнување на визниот режим од страна на САД за 75 земји, меѓу кои и Македонија, се однесува исклучиво на иселеничките визи. Оваа одлука на Стејт департментот не влијае врз останатите категории граѓани. „Не прекин, не црна листа, туку пауза за постапки за иселенички визи. Ова не влијае на сите други постапки за издавање визи за САД. Доколку сте стопанственик, студент или турист кој сака да патува во САД, слободно ќе може да си аплицирате“, подвлече Муцунски. Тој додаде дека најмал број апликации од македонски државјани се токму…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска најави дека огласот за избор на нов член на Судскиот совет најверојатно ќе биде повторен. Причината за ова е стапувањето на сила на новиот Закон за Судскиот совет, донесен кон крајот на декември, кој предвидува поригорозни критериуми и поинаква процедура за избор. Иако Комисијата за прашања на изборите и именувањата претходно го изгласа Аљбан Кадриу за наследник на Селим Адеми, Гаши смета дека сега е неопходно процесот да се усогласи со новата регулатива. „Како битен момент за кој сме разговарале е токму моментот што имаме нов Закон за Судскиот совет и тој веќе ги…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, каде го презентираше новиот концепт за економско зајакнување на државата преку дипломатската мрежа. Целта на овој план е мобилизација на дипломатско-конзуларните претставништва за поддршка на македонските компании и привлекување на странски инвеститори. „Имаме концепт во четири точки, кој значи мобилизација на нашите компании, на ресурсите во државата, но и нов модел на мобилизација на нашите дипломатско-конзуларни претставништва. Овие мерки ќе значат поголема додадена вредност за македонската економија“, изјави Муцунски. Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, ја поздрави иницијативата, нагласувајќи дека…
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска порача дека секоја законска иницијатива што е во насока на заштита на здравјето на граѓаните треба да ја добие потребната поддршка. Тој, одговарајќи на новинарски прашања во општина Кисела Вода, потврди дека се подготвува нов закон против пушењето. Ристески појасни дека процедурата ја води Министерството за здравство, но најави дека сите засегнати страни ќе бидат консултирани пред конечните решенија. „Новиот закон против пушењето, кој е во најава, е во надлежност на Министерството за здравство, а не на Министерството за економија и труд. Секако дека ќе има средби со угостителите и со сите…
Двомесечно бебе почина синоќа на детското одделение во Општата болница во Кавадарци, потврдија од СВР Велес. Случајот во полицијата бил пријавен околу 21:35 часот. Според полицискиот извештај, бебето било хоспитализирано на 12 јануари, но неговата состојба се влошила. „Бебето починало и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација“, информираат од полицијата. Смртта била констатирана од лекар, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Пред нас е празничен период во кој верниците од православна вероисповед ќе уживаат во продолжен викенд. Понеделник, 19 јануари, кога се празнува Богојавление (Водици), е неработен ден за православните граѓани. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед
