Вчера од страна на полициски службеници од мобилен тим од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ на подрачје на СВР Тетово, поточно на магистрален пат кон село Сиричино, запрено е патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од М.З.(46) од с.Желино, при што е констатирано дека тој постапил спротивно на мерка куќен притвор, односно бил затекнат надвор од својот дом и адреса на која ја издржува мерката куќен притвор, а констатирано е и дека не поседува европски документи за управување на странско возило и возилото се наоѓа на територијата на нашата држава подолго од шест месеци.
Лицето е лишено од слобода, а возилото е одземено под сомнение за сторен царински прекршок.
- СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
- Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
- Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
- Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
- Студентите бараат 200 денари за оброк
- Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
- Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
- Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

