Author: Author 04

„Во однос вчерашната акција на ОЈО гокк, а поврзана со вработени во УЈП, до Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерки за претпазливост против 10 лица, од кои 9 се спроведени пред судија на претходна постапка, а по нивно произнесување, судијата го прифати предлогот и на сите им определи мерки согласно точките 2,3,6 и 7 односно: одземање на патна исправа, обврска за јавување во суд, забрана за комуникација со одредени лица и забрана за извршување одредени работни активности“, соопштија од Кривичен суд.

Повеќе

Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Трајановски, во вчерашното гостување на телевизија Алсат, нагласи дека лидерската средба, чија главна цел била укинување на техничката влада, не претставува вистински дијалог и дека СДСМ нема намера да биде алиби на однапред подготвените сценарија на власта. „Апсолутно немаме намера да даваме легитимитет и алиби на владејачката партија за нивните сценарија и укинување на техничката влада. Затоа и одлучивме да не учествуваме на таа лидерска средба, што по завршувањето на средбата се покажа како правилна одлука“, рече Трајановски. Во однос на укинувањето на техничката влада, тој предупреди дека државата не е подготвена за…

Повеќе

Швајцарските власти објавија нови детали за страотниот пожар во локален бар, во кој животот го загубија 40 лица. Истрагата покажа дека 24-годишната келнерка Сиан Панин, која го предизвикала пожарот служејќи шампањ со прскалки, носела заштитна кацига која и го ограничила видното поле. Според официјалните информации, заштитниот шлем бил побаран од сопственичката на локалот, Џесика Морети, со цел послужувањето да изгледа поспектакуларно. Поради кацигата, келнерката не забележала дека искрите веднаш го зафатиле плафонот. Во оваа незапаметена трагедија, покрај Сиан, загина и 23-годишниот диџеј Матео Лесгуер, кој во моментот на служењето ја носел келнерката на своите раменици. Над сто лица се повредени,…

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово околу 8 часот на автопатот „Милош Велики“, каде во верижен судир учествуваа девет патнички возила и еден камион. Според првичните информации, во несреќата нема жртви, но четири лица се здобиле со повреди. Од итните служби потврдуваат дека две лица се веќе хоспитализирани, додека две се пренесени во болницата во Чачак. Сцените од местото на настанот се драматични – едно возило завршило целосно под камионот, а екипите на брзата помош веднаш интервенирале за да им помогнат на настраданите. „Нема жртви, а четири лица се повредени. Две лица веќе се хоспитализирани, а две се на пат…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во своето последно вечерно обраќање до нацијата, упати директна порака по обвинувањата кои пристигнаа од Вашингтон. Зеленски беше дециден дека официјален Киев останува посветен на изнаоѓање решение за конфликтот. „Киев не е и нема да биде пречка за мирот“, изјави кратко украинскиот лидер. Оваа реакција доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја посочи токму Украина како страна која го забавува евентуалното склучување на мировен договор. На директно прашање зошто сè уште не е решен конфликтот, Трамп одговори само со едно име – „Зеленски“.

Повеќе

Македонската влада ја утврди квотата за вработување на странски државјани за 2026 година, со која се предвидува ангажман на вкупно 10.000 работници. Одлуката, која стапува на сила од денеска, 16 јануари, има за цел да одговори на потребите на домашната економија. Според официјалните податоци, најголемиот дел или 9.750 дозволи се наменети за редовно вработување. Од нив, 4.500 се за нови вработувања, додека 5.250 се предвидени за продолжување на веќе постоечките дозволи на странците кои работат во земјава. Дополнително, распределени се 200 дозволи за упатени странци и 50 за сезонски работници. Од Министерството за економија и труд најавија дека будно ќе…

Повеќе

Македонија од овој викенд влегува во нов ладен период кој ќе донесе пад на температурите и појава на мраз, најавува метеорологот Славчо Попоски во својата најнова анализа. Студениот бран што доаѓа од исток ќе услови слаби локални врнежи, кои во градовите ќе преминат во снег. Попоски потенцира дека вистинскиот екстремен студ може да го зафати Балканот по 20-ти јануари. „Постои веројатност од 20 Јануари па во деновите потоа цела Европа и целиот Балкан повторно да бидат погодени од Сибирска експлозија, овој пат многу посилна од претходната која неодамна не зафати и истата ќе услови да имаме екстремно ладно време.“ Според…

Повеќе

Новиот систем за влез и излез на Европската Унија (ЕЕС) предизвика сериозни проблеми и огромни редици на аеродромите низ Шенген зоната. Иако Брисел тврди дека процесот се одвива во ред, патниците се соочуваат со драстично забавување на граничните проверки. Од вчера, системот предвидува задолжително фотографирање и земање отпечатоци за најмалку 35 проценти од патниците кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ. Оливие Јанковец од „АЦИ Европа“ алармира дека проверките сега се подолги за дури 70 проценти. Најкритична е состојбата во Лисабон, каде е ангажирана војската за помош, додека во Рим и Брисел се бара итен дополнителен персонал. Во Шпанија, туристичкиот…

Повеќе

Пред нас е празничен период во кој верниците од православна вероисповед ќе уживаат во продолжен викенд. Понеделник, 19 јануари, кога се празнува Богојавление (Водици), е неработен ден за православните граѓани. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед

Повеќе

Овен: Наутро ќе ви треба пауза, но не очајувајте – попладнето носи јасност. Фокусирајте се на одговорностите и направете го клучниот чекор кон вашата цел. Бик: Емоционалниот товар наутро може да ве забави. Почекајте го преминот на Месечината во Јарец; тогаш ќе добиете стабилност и точно ќе знаете каде да ја насочите енергијата. Близнаци: Не трошете време на анализирање на туѓите мисли наутро. Попладнето е идеално за практични прашања и дефинирање на сопствените граници. Рак: Ако се чувствувате исцрпено, одморете се без вина. Вториот дел од денот носи искреност во односите и открива кој навистина е на ваша страна. Лав:…

Повеќе