- Филипче помеѓу земјоделците во Босилово: Земјоделството изумира поради ниски откупни цени
- СДСМ: Нацрт-извештајот од Брисел ги потврди нашите предупредувања, Владата нè води кон пропаст
- Син тепал татко, ќерка-мајка: Осум случаи на семејно насилство во Македонија за едно деноноќие, уапсени шест лица
- Невреме низ Македонија: Град и поројни дождови во Ресен и Делчево, облачноста се движи кон Преспа
- Мицкоски за Преспанскиот договор: Ветуваа бесплатно здравство и образование, а добивме само членство во НАТО
- Шукова: Власта ветуваше промена на Преспанскиот договор, а сега ја држи државата во место без стратегија
- Отишол да раскине договор за стан во Карпош, па се пресметале со сопственикот и агент за недвижности – Инцидент во Скопје
- Трагедија во кривопаланечко: Вработен во ЕВН починал додека извршувал работни задачи
Author: Author 04
Во светот на астрологијата, амбицијата често е јаболко на раздорот, а кога ќе се соочат Лавот и Шкорпијата, борбата за превласт и пари станува неизбежна. Овие два знака имаат дијаметрално спротивни стратегии за успех, што најчесто води до тензии во професионалното опкружување. Лавот, како огнен знак, секогаш цели кон центарот на вниманието. Неговата потреба за признание и високи позиции го прави доминантен лидер кој сака јавно да ги покаже своите успеси и статус. Тие се водат по принципот „јас прво“ и не се плашат од ризици. Од друга страна, Шкорпијата е стратег кој дејствува од сенка. Овој воден знак не…
Сергеј Караганов, влијателен сојузник и поранешен советник на рускиот претседател Владимир Путин, предупреди дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје доколку се соочи со евентуален пораз во војната со Украина. Во интервју за американскиот водител Такер Карлсон, тој истакна дека европските лидери се во „илузија“ кога зборуваат за пораз на Москва. „Што е поразот на Русија? Ако Русија некогаш се доближи до пораз, тоа би значело дека Русија потоа би употребила нуклеарно оружје, а Европа би била физички уништена“, изјави Караганов. Тој ја критикуваше руската влада дека е „премногу трпелива“ со европските држави и најави дека тие ќе мора…
Млад татко од Виена се соочил со бизарна судска битка откако на неговата домашна адреса пристигнала казна од 200 евра за „нарушување на јавниот ред и мир преку бучава“. Причината? Неговиот сосед поднел жалба бидејќи навечер од станот се слушала бучава. Полициските службеници кои отишле на местото на настанот таа вечер по пријавата пронашле мир и тишина во станот. И покрај фактот што службениците не слушнале никаква бучава, му издале казна од 200 евра или 47 часа затвор. Проблематичната „бучава“ всушност биле неговите два сина, близнаци под една година, објавува Кронен Цајтунг. Таткото не сакал да ја плати неправедната казна…
Вчера во 13:30 часот, на ул. „Јордан Златаноски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Б.Л. (39) од Тетово. Тој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ. Б.Л. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Полицијата во Тетово лиши од слобода 57-годишен маж кој подолг период вознемирувал млада девојка. Инцидентот е документиран откако 18-годишната тетовка го пријавила случајот во полициската станица. Според информациите од СВР Тетово, приведеното лице со иницијали Е.И. (57) било уапсено завчера околу 12:10 часот на улицата „Јадранска“. Полицијата постапила по претходна пријава од оштетената девојка. Во пријавата било наведено дека мажот континуирано ја следел девојката, ја вознемирувал и неовластено ја снимал со својот мобилен телефон. Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
Во Франција за прв пат е поднесен официјален парламентарен предлог со кој се бара повлекување на земјата од НАТО алијансата. Иницијативата е покрената од Клеманс Гет, потпретседателка на Националното собрание и членка на левичарската партија „Неосвоена Франција“ (LFI). Резолуцијата со која се бара раскинување на односите со западниот воен сојуз доаѓа во период на зголемени сомнежи за улогата на САД во европската безбедносна политика. Како што пренесува „Берлинер Цајтунг“, иницијаторите сметаат дека сегашниот правец на Алијансата не соодветствува со француските стратешки интереси. Според Гет, политиките на САД покажуваат дека Вашингтон „ефикасно ѝ доделува на ЕУ статус на вазална држава“. Таа…
Единаесетгодишно момче од Пенсилванија е обвинето за убиство, откако наводно смртно го застрелало својот татко затоа што му ја одзел конзолата за игри. Инцидентот се случил на 13 јануари во семејниот дом во Данканон, пренесува „Гардијан“. Полицијата, по пријава за маж во несвест, го пронашла 42-годишниот Даглас Диц мртов во неговиот кревет со прострелна рана во главата. Според истрагата, момчето влегло во собата извикувајќи „Тато е мртов“, а пред мајка си признало: „Јас го убив тато“. Трагедијата се случила откако таткото му рекол на синот дека е време за спиење, што кај детето предизвикало гнев. Момчето го пронашло клучот од…
Министерството за здравство подготви нов Предлог-закон за заштита од пушењето, кој предвидува строга забрана за пушење во сите затворени јавни и работни простории. Мерката е усогласена со европските стандарди и препораките на СЗО, со цел да се воспостави универзално правило за заштита на граѓаните без исклучоци. Од Министерството појаснуваат дека пушењето останува личен избор, но дека заедничкиот затворен простор не смее да претставува ризик за туѓото здравје. Законот не го забранува пушењето воопшто, туку децидно определува каде тоа е недозволиво. Квалитетот на воздухот во затворените објекти е директно поврзан со здравјето, а чистиот воздух значи помалку иритации на дишните патишта…
Македонија изутринава се разбуди со температури под нулата во повеќе градови. Најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени -4 степени, додека во Скопје (Петровец) температурата се спушти до -3 степени. Најтопло утрово беше во Гевгелија со измерени 6 степени. Според податоците на УХМР, температури под нулата беа регистрирани и во Тетово, Маврово, Штип и Берово. Во Скопје (Зајчев Рид), Куманово и Кавадарци утрово беше измерен точно нула степени.
Вчера во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, по судска наредба, извршија претрес во викендица во село Војник, Општина Старо Нагоричане, сопственост на К.Б. (26) од Куманово. При претресот биле пронајдени пиштол „застава” калибар 6.35, електрошок, дигитална вага и други предмети. К.Б. претходно е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
