Author: Author 04

Масовна тепачка, напади врз сопруги, па дури и врз малолетно дете се дел од полицискиот извештај за изминатото деноноќие во Скопје.Во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопско, пријави дека на 10.01.2026 во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физичка нападната од нејзиниот сопруг К.Ј.(33), кој употребил тврд предмет, а притоа и упатувал ѝ закани со остар предмет. Претходно, според пријавеното, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка. Вчера во 09:20 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопско, пријави дека во претходните денови неколку пати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48) од скопско, кој притоа и…

Повеќе

Доаѓаат таканаречените „економски работници“. Владата на Мицкоски им ги отвори вратите со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година. Бројот е двојно зголемен во споредба со лани, изјави на прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – членка на Извршен одбор. Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени Владата донела одлука да се носат 10.000 странски „економски работници“, истакна Младеновска. „Тоа што се подготвуваше сега започна. Најпрво владата склучи „стратешки договор“ за кој известија британските медиуми. Во декември британските медиуми објавија и дека согласно овој договор мигрантите би имале можност да добијат работни визи во Македонија за…

Повеќе

Македонија влегува во период на променливо и студено време. Според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре нè очекуваат слаби локални врнежи од дожд и снег, додека на планините и повисоките места ќе провејува снег. По краткотрајната стабилизација во понеделник и вторник, веќе во вторник навечер и во текот на денот во среда се очекува нов влажен бран со врнежи претежно од снег низ целата држава. Температурите значително ќе опаднат, па така во следните три дена минималната ќе се спушти и до -10 степени, додека максималната ќе се движи во интервал од -1 до 6 степени.

Повеќе

Вчера во 13:00 часот во ПС Гостивар С.А. (34) од Гостивар пријави дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“.Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон примач во странство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 23:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во спортска обложувалница во село во струшко, две маскирани лица, од кои едното имало оружје, од вработените одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област. Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи. Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при што обезбеди и достави целосна документација, материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките. Управата за јавни приходи јасно нагласува дека нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се…

Повеќе

Утрово во 08:15 часот во ОВР Струга од слобода е лишен Н.Х.(44) од струшкото село Мислодежда. При контрола во патниот сообраќај извршена на магистралниот пат Охрид- Подмоље, во близина на струшкото село Мислешево, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал со брзина од 101 километри на час во населено место, каде дозволена брзина е 50 километри на час. Додека пак вчера во 15:45 часот, на магистралниот пат А2 Крива Паланка -Деве Баир, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода П.С.(25) од Крива Паланка. При радарска контрола, полициските службеници констатирале дека…

Повеќе

Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода И.П.(43) од село Владиловци, општина Чашка. Претходно, на регионалниот пат Велес- село Извор, поточно на мостот на река Бабуна, тој со патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб од мостот. При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,45 промили алкохол во крвта.

Повеќе

На 16.01.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода И.П.(43) од село Владиловци, општина Чашка. Претходно, на регионалниот пат Велес- село Извор, поточно на мостот на река Бабуна, тој со патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб од мостот. При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,45 промили алкохол во крвта. На 16.01.2026 во 17:00 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Валандово го лишија од слобода Т.К. (59) од Валандово. При сообраќајна…

Повеќе

Националниот парк „Шар Планина“ упати сериозни обвинувања за работењето на дел од операторите на Попова Шапка. По вчерашниот конфликт на терен, додека раководството давало изјава во полиција, на сметката на установата пристигнала неочекувана уплата од 300.000 денари од ресторан „Арена“. Од Националниот парк појаснуваат дека ресторанот „Арена“ не е официјален оператор за скијање со ратрак и со нив немаат склучено договор, ниту пак поседуваат лиценци за туризам. „Средствата се уплатени без претходно издадена фактура или барање за уплата и ќе бидат вратени во првиот нареден работен ден. За случајот е известен и Секторот за економски криминал“, стои во соопштението. Установата…

Повеќе