Author: Author 04

Вчера во 14:40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.С. од Скопје поради тоа што на 16.01.2026 пред угостителски објект со неговото возило го оштетил возилото на Г.Ѓ.(23) од Скопје, а потоа со возилото го удрил Г.Ѓ.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Повеќе

Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека во пералната во установата, во облека на осудено лице била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Две финансиски друштва во Скопје биле мета на крадци во текот на вчерашната вечер, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Грабежите биле извршени во краток временски интервал на две различни локации во главниот град.Вчера во 05:20 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Центар, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземен бил сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   Ито така вчера во 04:44 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Гази Баба, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземени биле пари од сеф. Се…

Повеќе

На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес. Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.

Повеќе

Процесот на откуп на тутунот од ланската реколта влегува во завршна фаза. Досегашните податоци покажуваат дека откупувачите презеле околу 25.000 тони тутун, а постигнатата просечна цена изнесува 419 денари по килограм. Иако динамиката на терен се намалува, од Сојузот на земјоделските здруженија смируваат дека законскиот рок за преземање на тутунот е до крајот на наредниот месец. „Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Но потсетувам, дека и кооперантите и откупувачите треба да знаат, законски, откупот на тутунот трае до 28 февруари. Се појавуваат информации дека е хаос во откупот. Тоа не е точно и не треба да се доведуваат тутунопроизводителите…

Повеќе

Вчера во Полициската станица Струмица е пријавено дека на место викано „Белик“, во атар на село Градско Балдовци, трактор кој влечел приколка натоварена со дрва, паднал во речното корито на река Тркање. На местото на настанот починал Д.Н.(58) од Струмица, кој го управувал тракторот, а смрт била констатирана од лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот објект на основното училиште „Блаже Конески“ во општина Аеродром. Тој истакна дека ова е дел од серијата проекти започнати во изминатите 19 месеци кои веќе се финализираат. Мицкоски изрази задоволство од новите капацитети, нагласувајќи дека децата добиваат идеални услови за учење. „Не може човек да не биде задоволен и би рекол емотивен кога ќе присуствува на еден ваков настан, ново училиште за најмладите, за дечињата. Добро е што голем дел од проектите што ги започнавме изминативе 18/19 месеци ја добиваат својата контура, својата физиономија“, изјави премиерот. Тој…

Повеќе

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Д.(37) и А.А.(46), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Тие се спроведени во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“ откако, судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 дена. Пријавените, на 04.01.2026 година во 14.45 часот, на улицата „Загорје“ во Кичево, беа лишени од слобода откако претходно, на земјен пат кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на Кичево, со нож го нападнале Б.А. (39) од Кичево, по што избегале. Повредениот, бил пренесен во Општата болница во Кичево од каде,…

Повеќе

На 18.01.2026 во 02:38 часот, на ул. „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници сопреле патничкото возило „пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (47) од Тетово. По извршеното алкотестирање, кај него биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта. На 17.01.2026 во 21:30 часот, во с. Жеровјане, општина Боговиње, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, сопреле патничко возило „голф“ со гостиварски ознаки, управувано од М.А. (49) од Гостивар. При контролата е утврдено дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта. На 18.01.2026 во 03:20 часот,…

Повеќе

Утрово во 03:55 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е Ј.С.(33) од охридското село Лескоец кој, управувајќи го своето патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и предизвикал сообраќајна незгода. По извршено алкотестирање, полициските службеници кај него констатирале 1,79 промили алкохол во крвта како и дека возилото го управувал иако имал активна прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

Повеќе