Author: Author 04

Во духот на вековната православна традиција, денес во Крива Паланка беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици, кога, според верувањето, се осветуваат водите и се симболизира Христовото крштевање во реката Јордан, носејќи здравје, благослов и духовна сила за верниците. По тој повод, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се фрли по светиот крст во водите на Крива Река, испраќајќи силна порака на вера, заедништво и почит кон православните обичаи. Чинот претставува симбол на духовна чистота, обновување и нераскинлива врска меѓу традицијата, локалната самоуправа и народот. Во студените води на Крива Река, градоначалникот Митовски уште еднаш покажа дека вистинските…

Повеќе

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, денеска од Охрид упати честитка по повод празникот Богојавление, нарекувајќи го Водици „најголем празник за Охрид“. Николоски изрази задоволство од одличната организација и огромниот број посетители, нагласувајќи дека заедничката работа на локалната самоуправа и Владата придонесува за промоција на македонската традиција пред светот. „Да честитам на оној кој што го фати крстот, да посакам добро здравје и среќа да го пратат во текот на годината. За убави работи да се гледаме!“, порача вицепремиерот во празничната изјава.

Повеќе

Најсреќниот во водите во Дебар годинава беше малиот Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение. Тој прв стигна до светиот крст што беше положен во базенот во дворот на црквата „Света Петка“, каде што е и седиштето на дебарската парохија. Заедно со Дамјан, во осветената вода скокнаа и Теофан Ангеловски и Антониј Тодоровски, но среќата му се насмевна на најмладиот меѓу нив. „Бог се јави! Многу сум радосен. Посакувам здравје и среќа за сите“, порача Дамјан со широка насмевка на лицето. Малиот Дамјан беше соодветно даруван од годинашните кумови, Лилјана и Роберт Михајловски, како и од останатите верници. Традицијата продолжува и…

Повеќе

Страшна железничка несреќа ја потресе Шпанија вчеравечер, кога во директен судир на два воза во Адамуз, во близина на Кордоба, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени. Трагедијата се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседната пруга во моментот кога минувал друг воз. Несреќата се случила околу 19:40 часот. Последните три вагони од возот „Ирјо“, кој сообраќал на линијата Малага-Мадрид со 317 патници, излетале од шините и се нашле на патот на возот „Ренфе“, кој се движел во спротивна насока со брзина од околу 200 км/ч. Од силината на ударот, и вториот…

Повеќе

Мартин Гоџо од охридската населба Варош е најсреќниот меѓу стотиците верници кои денеска скокнаа во осветените води на Охридското Езеро. Тој успеа прв да стигне до чесниот крст на големиот празник Богојавление – Водици, продолжувајќи ја својата неверојатна низа на успеси. За Гоџо ова не е прво вакво искуство. Тој веќе беше најбрз и во 2025 и во 2022 година, со што уште еднаш докажа дека среќата и верата се на негова страна. Чинот на положување на крстот на градското пристаниште го изврши митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј, во присуство на илјадници граѓани и гости од земјава и странство.…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, преку објава на социјалните мрежи, упати честитка до православните верници по повод големиот празник Богојавление – Водици. Во својата порака, тој го истакна значењето на духовната чистота и меѓусебното заедништво како темели на општеството. „Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата. Водици носи силна порака за верата, за храброста и за подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок“, стои во честитката на премиерот. Мицкоски нагласи дека овој ден е потсетник за моќта на заедницата кога е обединета околу вредности кои ги надминуваат поединците. Посебен акцент стави на младите,…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. „Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје. Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги…

Повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска поради празникот Водици. Како што информираат од МВР, денеска (19.01.2026) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки. Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од…

Повеќе

Македонија се разбуди во длабок „минус“. Според мерењата на УХМР во 7 часот наутро, најстудено беше на Попова Шапка со -12 степени, додека во Берово се измерени -10 степени. Ниските температури не го заобиколија ниту Скопје, каде кај Петровец се регистрирани -7 степени. Минимални температури измерени низ градовите: Освен студот, регистрирана е и снежна покривка, која на Попова Шапка изнесува 24 сантиметри. Во текот на денот се очекува сончево време со умерена облачност и максимални температури до 6 степени. Во Скопје дневниот максимум ќе изнесува 4 степени.

Повеќе

Православните верници денеска го слават големиот христијански празник Богојавление – Водици, денот кога Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Со свети литургии и традиционално положување на чесниот крст во осветените води, празникот се одбележува низ целата држава. Во Скопје, централната манифестација започнува во 9:00 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде ќе богослужи поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Околу полдне, поворката ќе се упати кон мостот „Слобода“, каде архиепископот ќе го спушти крстот во Вардар. За годинашната манифестација во главниот град се пријавени околу 160 граѓани. Отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ истакна…

Повеќе