- Општината до сопствениците на кајчињата: Отстранете ги од кејот – ќе чистиме
- Хорор во Аеродром: Малолетник претепан од негови врсници
- Перински и Љутков од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој
- Средба Муцунски – Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
- Со нож им се заканувал на мајка си и братот – гостиварчанец кривично ќе одговара
- Камион проби заштитна ограда во Германија и истури стотици литри нафта на автопат – штета од над 100.000 евра
- Невреме со град ја зафати Македонија, облачни маси се движат кон Скопје и Тетово
- Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, пониски сметки за струја и поодржлив Центар
Author: Author 04
Македонија се наоѓа под влијание на стабилно, но многу студено време, кое според синоптичарите ќе потрае до утре, кога се очекуваат нови врнежи од снег. Утрешниот ден ќе започне со умерена облачност и ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат и до -8 степени. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и слаб североисточен ветер, со максимални температури до 6 степени. Во Скопје се очекува слично време со утрински -4 и дневни 4 степени. „Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег“, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки…
Денеска (18.01.2026) во периодот од 10:00 до 18:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територија на цела држава, за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 54 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, сите санкционирани 54 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. Санкционирани се и…
Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен меѓу другото со дејствија на корупција и трговија со влијание. Врз основа на наредба што јавниот обвинител ја побара и обезбеди од надлежниот суд денеска беше извршен детален претрес на локација во…
Научната и академска заедница во Македонија се збогува со проф. д-р Илија Димовски, редовен професор на Педагошкиот факултет во Штип, кој почина на 84-годишна возраст.Со големо жалење ја соопштуваме веста за починувањето на Проф. д-р Илија Димовски, редовен професор на Педагошкиот факултет во Штип, стои во соопштението објавено по повод неговата смрт. Илија Димовски е роден е во 1942 година во село Мало Црско. Магистрирал на Универзитетот во Загреб, а докторирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на бројни научни трудови и стручни книги и остави значаен придонес во науката, образованието и развојот на еколошката свест…
Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека прифатил покана од американскиот претседател Доналд Трамп за учество во новото меѓународно тело насочено кон решавање на кризата во Газа. Албанија во овој процес ќе се појави како една од земјите основачи на т.н. „Одбор за мир“. Рама информацијата ја сподели преку своите профили на социјалните мрежи, потенцирајќи ја важноста на овој чекор за албанската дипломатија. „Албанија е поканета како еден од основачките членови на ова меѓународно тело“, посочи премиерот, додавајќи дека ваквата иницијатива претставува директно меѓународно признание за неговата земја. Според шефот на албанската влада, поканата е силен доказ за зголемениот углед и…
Македонија се подготвува за нов бран на студено време и врнежи од снег кои се очекуваат кон средината на претстојната недела. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утрешниот ден ќе започне со студено утро, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и слаб североисточен ветер. Вистинската промена на времето пристигнува во вторник. „Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег“. Во овој период температурите ќе се движат од минимални -10°C до максимални 7°C во вторник, додека во среда дневниот максимум ќе достигне…
Системот „Безбеден град“ е пред официјално пуштање во функција, а премиерот Христијан Мицкоски најавува дека ефектите од досегашната примена на камерите веќе го менуваат однесувањето на возачите. Прашан за поддршката од опозицијата и законските измени, премиерот истакна дека клучен е хуманиот аспект. „Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември“, истакна Мицкоски, додавајќи дека бројот на дневни прекршоци е намален од сто илјади на само неколку илјади. И покрај најавите за старт на 1 февруари, останува неизвесноста околу поддршката…
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од првичните ефекти на системот „Безбеден град“, нагласувајќи дека тест-периодот веќе дава видливи резултати во подобрувањето на сообраќајната безбедност. Според него, бројките за јануари се значително подобри во однос на претходниот месец. „Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември. Тоа значи имаме повеќе човечки животи спасени, помалку сообраќајни незгоди, помалку пациенти на траума и, на крајот од денот, побезбеден сообраќај“, изјави Мицкоски. Премиерот откри дека е забележан огромен пад на регистрираните сообраќајни прекршоци преку камерите. „И она што мене ме радува е ако од почетните денови кога имаше неколку десетици илјади…
Вчера во 19:00 часот во казино лоцирано на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.Р. (28) од Битола поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 79-годишна баба во семејниот дом во Битола, при што и нанел тешки телесни повреди. Од страна на екипа на Итна медицинска помош Битола, повредената била пренесена во Клиничка болница Битола. Во координација со јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ.
Српскиот министер за образование, Дејан Вук Станковиќ, најави дека сериозно се разгледува можноста за скратување на училишните часови од 45 на 30 минути. Како главна причина за ваквиот предлог се наведува феноменот на „дифузно внимание“ кај учениците, предизвикан од прекумерната употреба на новите технологии. Министерот објасни дека денешните генерации тешко го задржуваат фокусот на една содржина подолг временски период. „Во овој момент размислуваме за оваа идеја, да бидеме што е можно попрецизни, отворено и гласно. Мислам дека постои некаков вид психолошко оправдување. Тоа е дека токму под влијание на овие нови технологии имате феномен на дифузно внимание. Не можете да…
