Author: Author 04

Најмалку шест лица загинаа во пожар што уништи десетици продавници во трговскиот центар „Гул Плаза“ во историскиот центар на Карачи, јужен Пакистан, објавија локалните медиуми. Делови од трговскиот центар во историскиот центар на Карачи се урнатини, објави Ројтерс. Снимките го прикажуваат пожарот како избувнува од зградата додека пожарникарите работеа во текот на ноќта за да го спречат неговото ширење низ густо населениот деловен округ. Стотици луѓе се собраа околу зградата, вклучувајќи ги и сопствениците на продавници чии простории беа сведени на пепел. Пожарот избувна синоќа, а спасувачките служби добија повик во 22:38 часот дека продавниците на приземјето од трговскиот центар…

Повеќе

Грипот зема замав во Македонија. На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 69-годишен маж од внатрешноста, откако неговата состојба се искомплицирала по инфекција со инфлуенца А. Директорот на Клиниката, Фадил Цана, информираше дека пациентот бил донесен во критична состојба со масивна бронхопневмонија и веднаш бил ставен на апарати. И покрај напорите на лекарите, тој не ја доби битката со вирусот. Пациентот имал претходни белодробни заболувања и не бил вакциниран. Ова е втора жртва за краток период, откако неодамна почина и 75-годишна жена. Во моментов, на Инфективната клиника се хоспитализирани 30 лица со тешка клиничка слика, главно повозрасни граѓани со…

Повеќе

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест. Согласно најавите, сите трговски објекти, маркети и трговски центри ќе работат согласно редовното работно време.ќ Поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. На Водици од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи.…

Повеќе

Дванаесетгодишно момче денес беше нападнато од ајкула во источните предградија на Сиднеј и е во критична состојба, а лекарите се борат за неговиот живот, соопшти полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс. Момчето претрпе сериозни повреди на двете нозе во нападот од ајкула, објави „Гардијан“. Тој беше извлечен од водата на плажата „Ајкула“ во паркот „Нилсен“, во источните предградија на Сиднеј, и беше однесен во Детската болница во Сиднеј за лекување на сериозни повреди, изјави портпаролот на Службата за брза помош во Сиднеј. Плажата каде што се случи нападот од ајкула е затворена, а полицијата им советуваше на капачите да…

Повеќе

Светскиот економски форум по 56-ти пат ќе биде центар на глобалната моќ. Од утре, 19 јануари, па сè до 23 јануари, швајцарскиот Давос ќе ги собере водечките луѓе од политиката и бизнисот под мотото „Во духот на дијалог“. Меѓу учесниците ќе биде и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој претходно најави дека ќе ја претставува државата на овој престижен собир. Оваа година форумот бележи рекордно владино учество – дури 400 политички лидери, меѓу кои 65 шефови на држави и влади, ќе дебатираат за иднината на светот. На собирот се очекуваат и шестмина лидери од Г7, заедно со 850 врвни извршни директори…

Повеќе

Црна сабота во австриските Алпи. Најмалку пет лица ги загубија животите во серија силни лавини кои вчера го погодија регионот на Салцбург. Најкритично беше во ски-центарот Гаштајн, каде што под снежните маси смртта ја пронајдоа четворица скијачи. Како што пренесува „Ројтерс“, во Гаштајн покрај жртвите има и две тешко повредени лица кои биле извлечени од снегот во последен момент. Во масовната спасувачка операција беа вклучени четири хеликоптери и бројни спасувачки тимови кои се тркаа со времето. Претходно истиот ден, уште една трагедија беше регистрирана во блискиот Бад Хофгаштајн, каде што исто така загина еден скијач. Надлежните во Австрија предупредуваат на…

Повеќе

ОВЕН: Време е за лидерство и големи планови Денес чувствувате силен притисок да направите нешто значајно што ќе биде забележано од сите. Мислите ви се насочени кон кариерата и статусот, а ѕвездите ве туркаат да преземете водство. Совет: Не реагирајте импулсивно! Младата Месечина ви отвора врата за нова професионална цел која, со малку трпение, ќе ви донесе долгорочен успех. БИК: Проширете ги видиците и верувајте во визијата Вашиот фокус е на пошироката слика и иднината. Денес е идеален ден за одлуки поврзани со едукација, патувања или промена на животната филозофија. Спојот на Меркур и Марс ви дава острина во размислувањето,…

Повеќе

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) „прочешлаа“ 188 маркети и хипермаркети низ државата, при што изрекоа вкупно 22 казни во вредност од приближно 40.000 евра. Во рамки на вонредните надзори спроведени од 13 до 16 јануари, инспекторите затекнале сериозни пропусти кај операторите со храна. Како што соопштија од АХВ, одземени и нештетно уништени се над 253 килограми небезбедна храна, меѓу кои месо и месни преработки, млечни и кондиторски производи. „Кај 14 маркети беше затекната храна со изминат рок на траење, додека кај дел од операторите е констатирано дека вработените немаат ниту санитарни книшки“, информираат од Агенцијата.

Повеќе

ЈП „Македонија пат“ упати апел до возачите за крајна претпазливост поради појава на густа магла на неколку клучни патни правци низ државата. Најкритично е на планинскиот премин Плетвар и во околината на Крушево, каде видливоста е намалена на само 50 метри. Слична е состојбата и на преминот Стража, како и на патниот правец Тетово – село Лисец, каде видливоста е ограничена до 80 метри. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, но по претежно влажни коловози, бидејќи врнежите од снег во моментов се престанати. Од претпријатието предупредуваат и на можна појава на поситни одрони низ клисурите и усеците.

Повеќе

Православните верници денеска го одбележуваат Навечерието на Богојавление, во народот познато како Водокрст или Водопост. Овој ден е посветен на строг пост и духовна подготовка за утрешниот голем празник Водици. Во храмовите денеска се извршува Голем водосвет, по кој верниците се поросуваат со осветената вода и пијат од неа. Според црковното предание, никој не треба да го пропушти овој чин, бидејќи преку благодатта на празникот се осветува целата природа. Традицијата налага со оваа вода да се попрскаат домовите за здравје и среќа. Се верува дека осветената вода од денешниот и утрешниот ден има силна моќ: здравите да ги укрепи, болните…

Повеќе