Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: Во ДУИ не се спие мирно, сите стравуваат што може да каже Груби
    • Татко си ја убил својата осумгодишна ќерка – Хорор во Грац
    • ВИДЕО: Исплива снимка од апсењето на убиецот од Ксамил, се криел во гепек
    • Милиони евра и денари завршиле кај него во џеб – Вработен во банка во Македонија осомничен за проневера
    • ФОТО: Ова е синот на Ведрана на кого му забрани да и дојде на погреб – Ќерка и е мистерија
    • ФОТО: 115 средношколци од Скопје заминаа на бесплатен едукативен камп во Охрид
    • Полицијата уапси 11 лица за убиството во Ксамил
    • Трамп го одложи воведувањето царини за Канада: Постигнат е договор, се чека потпис
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина легендарниот џез саксофонист Сони Ролинс

    Почина легендарниот џез саксофонист Сони Ролинс

    26.05.2026 во 09:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Легендарниот американски џез музичар Сони Ролинс, кој важи за еден од највлијателните саксофонисти во историјата на оваа музика, почина на 95-годишна возраст.

    Ролинс почина во својот дом во Вудсток, Њујорк, соопшти неговиот портпарол, кој притоа го нарече „една од најпочитуваните и највлијателни личности во американската музика“. Официјалната причина за смртта во соопштението не е објавена.

    Неговата плодна кариера траеше повеќе од шест децении. Ролинс ја започна кариерата кон крајот на 1940-тите години, соработувајќи со најголемите џез имиња како Мајлс Дејвис, Чарли Паркер и Џон Колтрејн, а како лидер на бенд зад себе остави повеќе од 60 албуми.

    Поради неговата виртуозност и ненадминати импровизациски вештини, тој во јавноста беше наречен „саксофонски колос“. Токму неговиот истоимен албум од 1956 година, „Саксофонски колос“, денес се смета за еден од најважните џез албуми на сите времиња.

    Дел од неговата животна легенда стана и познатиот мост Вилијамсбург во Њујорк. На почетокот на 1960-тите, Ролинс со часови вежбал секој ден на овој мост, што го инспирирало да го сними познатиот албум од 1962 година „Мостот“. Со години во САД постојат и активни иницијативи овој мост да биде именуван по него.

    Музичарот беше препознатлив по своите долги импровизации и спонтаноста на сцената. „Ќе излегував на сцената со празен ум. Понекогаш се изненадував себеси со она што излегуваше од мене“, рекол тој во интервју за PBS.

    Ролинс се заљубил во музиката уште како дете. Во едно од неговите последни интервјуа за списанието Jazz Times, тој се присетил на своите почетоци: „Мајка ми ми го даде мојот прв саксофон кога имав седум години. Влегов во собата и почнав да свирам – и тоа беше тоа“.

    За време на својата богата кариера Ролинс освои две Греми награди. Поради сериозни респираторни проблеми, тој донесе одлука дефинитивно да престане со своите јавни настапи во 2014 година.

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп: Трпението клуч за успех кај Овенот, Бикот ќе реши некоја обврска што го оптоварувала

    19.08.2026 во 09:05

    Мадона го прослави 68. роденден на Крф

    18.08.2026 во 23:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.