Author: Author 04

Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина. Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување. Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови. -Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина…

Повеќе

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни. Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk , како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик. На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец. Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело

Повеќе

Од 11 часот по македонско време, граничниот премин Евзони е во целосен прекин за сите видови возила. Грчките земјоделци ги поставија своите трактори на патот, блокирајќи го влезот и излезот од Грција. Според најавите, оваа блокада ќе трае до 15 часот по наше време, но постои голема веројатност преминот повторно да биде затворен и вечерва по 18 часот. Протестите се шират и на другите премини. На граничниот премин Ники (Меџитлија) состојбата ќе биде следна: Земјоделците од северниот дел на Грција, кои се на границата уште од 1 декември, одбија средба со премиерот Кирјакос Мицотакис и најавија интензивирање на протестите бидејќи…

Повеќе

Вчера во 08:58 часот во СВР Штип, од основно општинско училиште „Славчо Стојменски“ во Виница е пријавено дека во периодот од 01.01. до 09.01.2026 со воздушна пушка се оштетени светлечките панели, влезната врата од мини кујната и ѕидни панели од училиштето и дека во мини кујната е пронајден проектил-дијабола. Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.,соопштија од СВР Штип. 

Повеќе

Времето утре сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Повеќе

Денешното судско рочиште против поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, е одложено на неодредено време. Причина за ова е што Апелацискиот суд сè уште нема донесено одлука кое обвинителство е надлежно да ја води постапката – дали тоа ќе биде Основното јавно обвинителство или ОЈО за гонење организиран криминал и корупција. Одложувањето уследи по жалба на одбраната на обвинетата Билјана Петровска-Мантева, која во овој случај се товари за оддавање службена тајна. Самата Димитровска се соочува со обвиненија за две кривични дела: Адвокатот на Димитровска, Владимир Туфегџиќ, ги отфрла обвинувањата тврдејќи дека споделените информации биле јавно достапни. Од друга страна, Обвинителството…

Повеќе

Американското претставништво за Иран упати итен апел до своите државјани веднаш да ја напуштат земјата поради драстично влошување на безбедносната состојба. Предупредувањето доаѓа во време кога немирите во повеќе делови на Иран продолжуваат да ескалираат. Во официјалното соопштение се нагласува дека граѓаните треба да заминат без да очекуваат помош од владата на САД, а како опција за евакуација се препорачува копнен пат преку Ерменија или Турција. Властите предупредуваат и на можни прекини на интернетот и телекомуникациите. Посебен акцент е ставен на лицата со двојно државјанство. Американските власти нагласуваат дека тие мора да патуваат со ирански пасоши, бидејќи поседувањето американска патна…

Повеќе

Ноќеска во 01:16 часот на регионалниот пат Р1208, на место викано „Кореа“, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Р.(45) од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот, извршувајќи работни задачи како заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, во текот на 2023 година му наредил на второпријавениот да изготви решенија за исплата на јубилејна награда за непрекината работа во општината,…

Повеќе