- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
Author: Author 04
Најниска температура од -7 степени Целзиусови утрово е измерена во Скопје, кај Петровец, покажуваат податоците на УХМР. Студено беше и во поголемиот дел од земјата, каде температурите се спуштија под нулата. Во Тетово, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица и Берово се измерени -6 степени, додека на Зајчев Рид во Скопје, како и во Куманово, Битола и Кавадарци, термометарот покажа -5 степени. Нешто потопло беше во Охрид, Претор и Крушево со -1 степен. Што се однесува до снежната покривка, Попова Шапка води со 24 сантиметри. Во Маврови Анови се измерени 14, во Крушево 13, а по еден сантиметар снег има во…
Голем број клиенти на Националната трговска банка (БКТ) во Албанија станаа жртви на софистицирана кражба откако нивните банкарски картички биле мистериозно испразнети. Според истражувањето на весникот „Капитали“, регистрирани се случаи каде парите на граѓаните биле трошени за купувања во илјадници евра во Бугарија, Италија и други европски земји. Банката официјално призна дека дошло до пропуст, објаснувајќи дека картичките биле клонирани преку банкомат во Тирана на кој сторителите инсталирале скриена камера. Иако БКТ тврди дека упадот траел само еден час и дека бројот на оштетени клиенти е мал, брзината со која се идентификувани голем број жртви укажува дека обемот на кражбата…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер, на средба со која се одбележува крајот на нејзиниот мандат во земјава. На средбата беше потврдено цврстото пријателство меѓу двете земји, кое како долгогодишни сојузници почива на заемна почит и стратешко партнерство. „Му се заблагодарив на амбасадорката за нејзиниот личен придонес во продлабочување на соработката. Македонските граѓани ја ценат поддршката од САД како наш клучен стратешки партнер“, истакна претседателката преку социјалните мрежи. Амбасадорката Агелер порача дека и по заминувањето од Скопје, ќе продолжи да биде поддржувач на државата во која помина значаен дел од својата…
Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа „Тру соушал“ (Truth Social) упати серија остри пораки до сојузната држава Минесота, најавувајќи, како што вели, „ден на пресметка“. Трамп ја нападна локалната власт и демократите, обвинувајќи ги за свесно прифаќање на криминалци и хаос. Претседателот директно ги запраша жителите на Минесота дали сакаат да живеат во заедници преплавени со „убијци, дилери, силувачи и опасни луѓе од странски ментални институции“. Според него, овие лица влегле во САД преку „ужасната политика на отворени граници“ на неговиот претходник Џо Бајден. „Демократите ги сакаат немирите бидејќи тоа го одвлекува вниманието од украдените 19 милијарди долари.…
58-годишна скијачка го загуби животот по силна лавина на планината Гилферт во австриски Тирол. Несреќата се случила во неделата попладне на надморска височина од околу 2.300 метри, додека жената се спуштала по северозападниот дел на планината. Според спасувачките служби, лавината била со широчина од 100 метри и должина од 40 метри. Иако опасноста од лавини била оценета со второ ниво (умерена), снежната плоча целосно ја затрупала скијачката. Потрагата траела речиси два часа бидејќи жената со себе не носела примопредавател за лавина (LVS уред), што е стандарден дел од опремата за движење надвор од патеките. По еден час и 45 минути,…
Познатата пејачка Дара Бубамара (49) беше принудена да го откаже својот долгоочекуван настап закажан за вечерва во Нови Град. Иако сè беше подготвено за дочекот на православна Нова година, здравствената состојба на пејачката нагло се влошила. Дара се огласи на социјалните мрежи за да ја објасни ситуацијата, наведувајќи дека има висока температура и силна настинка која ја „приземјила“. „Драги мои, многу ми е жал, но нема да можам да настапам вечерва. Имам висока температура, сите околу мене се болни, па ни јас не бев поштедена. Сигурна сум дека наскоро ќе се видиме за да го надоместиме ова“, порача пејачката, ветувајќи…
Екстремно ниските температури и ледениот дожд предизвикаа целосен прекин на авиосообраќајот во делови од Централна Европа. Аеродромите во Виена, Будимпешта и Братислава утринава беа принудени привремено да ги затворат своите писти, оставајќи илјадници патници заглавени. Најкритична е состојбата на аеродромот во Виена, каде на пистите се формирал дебел слој мраз кој постојано замрзнува, оневозможувајќи безбедно полетување и слетување. Екипите на терен водат интензивна битка со мразот, а летовите засега се пренасочуваат кон алтернативни дестинации. Според последните најави од аеродромските власти, се очекува нормализирање на сообраќајот во текот на денот, доколку временските услови дозволат ефикасно чистење на критичните точки.
Основниот суд во Штип му изрече казна затвор од 17 години на Кадир Кара, турски државјанин кој призна дека го убил својот сонародник во кафуле на градскиот плоштад. Покрај затворската казна, на Кара му е одредена и мерка протерување од државата, која ќе се изврши откако ќе ја одлежи казната во македонски затвор. Како што информираше портпаролот на судот, Сашко Георгиев, пресудата следува по признанието на вина за кривичните дела „убиство“ и „неовластено држење на оружје“. Инцидентот се случи на 8 мај минатата година, кога на плоштадот „Слобода“ беше усмртен турски државјанин. Убиецот се обиде да побегне кон Скопје со…
Коалицијата ВРЕДИ ја прифати поканата на премиерот Христијан Мицкоски и утре ќе учествува на лидерската средба во Клубот на пратеници. Координаторот на пратеничката група, Беким Ќоку, денеска потврди дека коалицијата ќе биде претставена од еден од нејзините лидери, Биљал Касами. Главен акцент на нивната позиција е укинувањето на техничката (Пржинска) влада. Според ВРЕДИ, ваквиот модел е застарен и не и доликува на земја која претендира за членство во ЕУ. „Државата веќе не е во кризен модус. На Локалните избори докажавме дека можеме да организираме фер и демократски процеси и без техничка влада. Не е нормално држава пред вратите на ЕУ…
Нафтоводот кој ги поврзува Солун и Скопје официјално е пуштен во употреба на последниот ден од изминатата година, потврди извршниот директор на „Helleniq Energy“, Андреас Сиамисис. По долг прекин од 13 години, првата пратка гориво веќе е испорачана, а наскоро се очекува и втората тура. Овој нафтовод во суштина претставува „вертикален коридор“ за снабдување со дизел-гориво, што е клучен производ за целиот регион. Според Сиамисис, неговата работа значително ќе го олесни извозот не само кон македонскиот пазар, туку и кон Косово, јужна Србија и Бугарија, со што се зајакнува геополитичката позиција на енергетскиот сектор во овој дел од Европа. Премиерот…
