- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Вчера во 20:30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода А.И.(25) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Возачите во Шпанија плаќаат казна од 200 евра за возење во зимска јакна бидејќи дебелата облека може да го ограничи движењето и да предизвика неправилно врзување на безбедносниот појас Во Шпанија, возачите кои возат во зимска јакна или палто може да бидат казнети со 200 евра ако бидат запрени од полицијата. Оваа регулатива е воведена бидејќи дебелата зимска облека може да го ограничи движењето при возење и да ја намали контролата врз воланот. Истото правило важи и за возење со шал или ракавици, ако тие се мешаат во безбедното возење. Ризик од повредаТестовите спроведени од Германскиот автомобилски клуб (ADAC) покажаа…
Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е Ф.Б.(47) од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска канцеларија во Кичево, од своето возило извадил пушка и упатил закани кон едно вработено лице. Се преземаат мерки за целосно расветлување по што, против Ф.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Тројца луѓе го загубија животот, а едно лице е тешко рането во престрелка што го потресе мирното гратче Лејк Карџелиго во австралиската држава Нов Јужен Велс. Како што пренесуваат светските медиуми, полицијата на местото на настанот затекла две мртви жени и еден маж. Напаѓачот во моментов е во бегство, а според првичните информации, тој побегнал со возило во сопственост на локалните власти. Полицијата веднаш испрати вооружени специјалци на терен и упати итен апел до граѓаните. „Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат таа област, а локалните жители да останат во своите домови“, соопштија надлежните служби. Според пишувањата на „Сиднеј Морнинг…
Јован Деспотовски побара јавно извинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. „Мене но и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, ни е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ. Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична одговорност за тоа што поранешни, а и сегашни функциониери на партијата веќе јавно коментираат за состојбите во СДСМ и за политиките и одлуките на сегашниот…
Додека сè уште го чекаме снегот, а улиците и понатаму се тивки и празни во пост-празничниотпериод, во сенка на сета оваа убавина се јавува проблем кој многумина го игнорираат – отпадот.Зголемената потрошувачка за време на празниците, пластиката за еднократна употреба и несовесното фрлање придонесуваат за огромни количини на отпад. И додека зимата не’ радува со долги пријатни ноќи и помалку метеж по улиците, таа носи и еденпредизвик – управување со отпадот или селектирање. Во студените месеци се зголемува отпадотпоради зголемената потрошувачка на пакувани производи, материјали за еднократна употреба за греење и сезонски прослави. Разни отпадоци, целофани, кутии ги полнат контејнерите.…
Украинскиот главен град Киев се соочува со сериозни проблеми во снабдувањето со топлинска енергија по серијата руски воздушни напади врз критичната инфраструктура. Градоначалникот Виталиј Кличко утрово информираше дека околу 3.000 станбени повеќекатници сè уште се без греење. „Од утрово, речиси 3.000 повеќекатници во главниот град остануваат без греење“, напиша Кличко на својот Телеграм канал, нагласувајќи дека службите работат под висок притисок. Тој додаде дека екипите за итни интервенции успеале во текот на ноќта да го обноват снабдувањето во 270 објекти, но ситуацијата останува критична поради ниските температури кои во регионот се спуштаат длабоко под нулата. Градските власти апелираат на трпение…
Првиот заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Самитот во Давос и на Средбата на лидерите 2026, значајна платформа за дијалог и глобална соработка. Тој учествуваше на два тематски панела: „Клима, конфликти и грижа“, каде беше нагласена важноста на дијалогот и регионалната и меѓународната соработка; и „Балканот – историја, стабилност и иднина“, каде се дискутираа регионалните предизвици, европската интеграција и економскиот развој како столбови за мир и долгорочна стабилност. За време на својот престој, Сали оствари средби со политички претставници, бизнис-лидери и медиумски куќи од целиот свет, при што дискутираа…
Доцна синоќа во Конгресниот центар во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум, беше активиран противпожарен аларм во моменти кога во зградата престојувал претседателот на САД, Доналд Трамп. Веста ја објави швајцарската агенција „Keystone-SDA“, пренесе „Анадолија“. Портпаролот на кантоналната полиција на Граубинден потврди дека Трамп бил во објектот во моментот на инцидентот, каде претходно во текот на денот одржа и свој говор. „До среда вечерта сè уште не е познато што точно го предизвикало инцидентот“, изјави портпаролот на полицијата. На местото на настанот веднаш биле испратени дополнителни полициски сили, пожарникари и амбулантни возила како дел од засилените безбедносни протоколи…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави детален извештај за состојбата на тереноб до 09:00 часот, по последните врнежи од снег во државата. Според информациите, во неколку региони се соочуваат со проблеми во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија.Битолски регион Во Општина Крушево, на регионалниот пат Крушево – Пуста Река (пат од втор приоритет), ќе се интервенира во претпладневните часови. Патот е прооден за теренски возила и возила со соодветна зимска опрема. Во Општина Демир Хисар, поради дефект на електричната мрежа, без електрична енергија се корисниците во селото Големо Илино. Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување…
