Close Menu
Press24
    Најново

    Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    29.10.2026 во 17:59

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47

    Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин

    29.10.2026 во 17:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм
    • Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција
    • Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин
    • Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“
    • МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Црна Гора забрани влез на 90 лица од Белград поради сомнеж за субверзија

    Црна Гора забрани влез на 90 лица од Белград поради сомнеж за субверзија

    03.06.2026 во 15:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Црногорската полиција денеска им забрани влез во земјата на 90 луѓе кои со чартер-лет допатувале од Белград во Тиват, поради сомнеж за субверзивно дејствување пред утрешниот Самитот на Европската Унија.

    Како што пренесува црногорскиот весник „Вијести“, меѓу патниците во авионот имало регистрирани „лица од интерес за безбедноста“ и сите тие со првиот лет ќе бидат вратени назад за Белград бидејќи одбиле да одговорат на прашањата на полицијата за целта на нивната посета.

    Весникот посочува и дека дел од овие лица имаат криминално досие, а наводно имале задача неформално да го обезбедуваат престојот на српскиот претседател Александар Вучиќ на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

    Поради претстојниот висок политички собир, црногорските безбедносни служби спроведуваат обемни и засилени активности, во чиј контекст се вршат и строги контроли на граничниот премин на аеродромот во Тиват.

    Чартер летот на линијата Белград-Тиват веднаш бил ставен под специјална контрола од страна на полициските единици.

    „Авионот беше задржан на пистата на аеродромот во Тиват со цел да се спроведат детални проверки на лицата кои пристигнале или причините за нивната посета, земајќи ги предвид зголемените безбедносни мерки пред самитот ЕУ – Западен Балкан. Јавноста ќе биде навремено информирана за преземените понатамошни активности“, наведе црногорската полиција.

    Претходно, локалните медиуми објавија дека црногорските власти мобилизирале повеќе од 1.500 полицајци од сите единици, вклучително и тактичките, со цел целосно да го обезбедуваат Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.