Author: Author 04

Граѓаните може да бидат спокојни – мерката „Мој ДДВ“ нема да претрпи никакви измени и исплатите ќе продолжат како и досега. Иако директорката на УЈП вчера изрази сомнеж за ефектот на мерката, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска беше децидна дека во Министерството воопшто не се разговара за менување на законот. „Нема никаков извештај ниту информација до Министерството за промени. Напротив, сè останува како што беше досега“, потврди министерката. Покрај ова, Димитриеска Кочоска соопшти добри вести и за бизнис секторот. Првата рата од враќањето на солидарниот данок на компаниите ќе започне во март годинава, а втората е планирана за…

Повеќе

Вчера во 11:20 часот во СВР Тетово, 44-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од едно лице од гостиварско за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, во јули 2024 година тој стапил во контакт со лицето и се договориле да му посредува за документи во странство, по што ги дал парите на неговиот внук. Како што е пријавено, откако не ги добил документите, а ниту му биле вратени парите, сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. 

Повеќе

Вчера во 21:00 часот во с.Крушопек, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Д.(30), А.Д.(36), Б.Д.(65) и Н.Д.(42), сите од с.Крушопек, постапувајќи по претходна пријава дека во двор од магацин во с.Лака, скопско, физички ги нападнале М.Н.(50) од с.Крушопек, неговиот брат и неговиот син, при што употребиле и остри предмети. Според пријавеното, М.Н., неговиот брат и неговиот син возвратиле на нападот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. 

Повеќе

Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.К.(56) затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(56) од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, информираше дека енергетскиот систем во државата е релативно стабилизиран по неодамнешните проблеми. Сепак, поради сериозноста на состојбата на терен, вонредната состојба останува на сила во осум локални самоуправи. Вонредни мерки сè уште се применуваат во: Дачиќ појасни дека во Пријепоље и Лозница состојбата е доволно подобрена за да се укине вонредната состојба. За да се одржи функционалноста на системот и граѓаните да имаат електрична енергија, државата обезбедила 19 агрегатори со голема моќност кои се распоредени во најкритичните точки.

Повеќе

Иран испрати остра и директна порака до своите соседи, предупредувајќи ги дека американските воени бази на нивна територија ќе станат легитимни цели доколку САД извршат напад врз иранска територија. Како што пренесува „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel), Техеран веќе ги известил Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Турција за овие планови. „Техеран јасно им стави до знаење на земјите во регионот дека американското воено присуство кај нив ќе биде цел на напад доколку Вашингтон нè нападне. Бараме од овие држави да влијаат врз САД за да се спречи воена ескалација“, изјавил висок ирански дипломат. Оваа закана доаѓа во…

Повеќе

На 59-годишна возраст почина Марк Брновиќ, поранешниот државен обвинител на Аризона и истакната фигура во американскиот правосуден систем. Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство, кое изрази длабока тага за загубата на, како што велат, грижливиот татко, сопруг и застапник за правдата. Брновиќ е роден во Детроит во 1966 година во семејство на српски доселеници од поранешна Југославија (татко од Црна Гора и мајка од Сплит). Во јавноста беше препознаен како 26-ти државен обвинител на Аризона, а неговото име стана актуелно и во регионот кога Доналд Трамп минатата година го номинираше за амбасадор на САД во Србија. Номинацијата подоцна…

Повеќе

Вчера во 19:20 часот е пријавено дека на ул.,,180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О.С.(76) од Тетово, кој починал на местото. – Лекар констатирал смрт, додека со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово, при обид да го изгаси огнот. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, истакнува Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Повеќе

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот, Сашко Лафчиски остварија проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер на која присуствуваше и одбранбеното аташе, Даниел Скваерс. За време на средбата министерот Мисајловски истакна дека во изминатиов период соработката со амбасадорката Агелер и амбасадата на САД беше на одлично ниво, благодарение на кое стратешкото партнерство кое го имаат нашите две земји во континуитет се унапредува. По повод завршување на мандатот на амбасадорката Агелер, Мисајловски изрази благодарност за нејзината професионална поддршка, искрена посветеност и личен ангажман што придонесе за…

Повеќе