- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
Author: Author 04
Полицијата во Дебар синоќа исклучи од сообраќај возач кој бил во тешка алкохолизирана состојба. Станува збор за 60-годишниот Љ.М. од Дебар, кој бил сопрен на улицата „Јусуф Багери“ додека управувал возило „Фолксваген Пасат“ со струшки ознаки. При алкотестирањето, кај возачот биле измерени високи 1,83 промили алкохол во крвта. „Лицето веднаш било исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ според членот 297-а од Кривичниот законик. Полицијата воедно апелира до сите возачи да бидат крајно внимателни поради замрзнатите коловози и строго…
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа останува во притвор. Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за продолжување на мерката за уште 30 дена, откако првичниот рок истекуваше деновиве. Стафа е под истрага за „примање награда за противзаконито влијание“. Според истрагата на ОЈО ГОКК, Стафа примил 50.000 евра за да влијае кај судија во Апелација. Целта била да се издејствува поповолна мерка за неговиот клиент Љупчо Пецов – Ѓаволот, кој е еден од главните осомничени во акцијата „Синџир“ за даночно затајување од 8 милиони евра. „Непосредно по примањето на парите, осомничениот бил лишен од слобода, при што кај него се пронајдени паричните…
Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС како општественоодговорни компании, во интерес на заштита на сите граѓани, а особено младите кои сенајфреквентни корисници на социјалните медиуми, во согласност со позитивните законскипрописи ја известуваме јавноста за следното:Веќе подолг временски период на социјалните мрежи масовно циркулираат лажно креирани дигитални вести кои во суштина се онлајн измама која има за цел да навлекува посетители кои свесно и со умисла се ставаат во заблуда дека наводно нашите компании-членки приредуваат онлајн игри на среќа. Овие измамнички вести упорно се пласираат на македонски и англиски јазик.Сакаме јасно да ставиме до знаење дека…
Како што најавивме уште во декември дека постои дупка во буџетот од една милијарда евра и дека државата нема пари за функционирање, стигнува уште еден доказ. Наместо да ја признаат дупката во буџетот, тие новото задолжување го објавуваат како успех на Министерството за финансии за пласирање на еврообврзниците и како триумф на економијата! Владиното славење за новото задолжување на граѓаните, се посочува во соопштението од СДСМ. „Во моментот кога Владата се фали со „импресивната“ побарувачка од над 4 милијарди евра за десеттата еврообврзница во износ од милијарда евра, вреди да се потсетиме дека ова не е приказна за успех, туку…
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, најави нов пакет мерки насочени кон подобрување на стандардот на учениците и унапредување на образовниот процес во општината. Меѓу клучните одлуки е зголемувањето на месечните стипендии за талентираните ученици и спортисти, како и за оние кои доаѓаат од социјално ранливи категории. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците што доаѓаат од семејства во социјален ризик ги зголемуваме за 1.500 денари“, изјави Герасимовски. Покрај финансиската поддршка, од…
Овен – Денес вашите мисли се насочени кон кариерата и долгорочните цели. Иако чувствувате притисок од надворешните очекувања, денот е одличен за планирање, но не и за конечни одлуки. Бик – Сакате да излезете од комфорната зона, но ве влече потребата за сигурност. Наместо да избирате страна, размислете како да растете без да ја загрозите стабилноста. Близнаци – Активни се темите за финансии и емоционални обврски. Ова е ден за ментално расчистување. Големите идеи се тука, но практичната примена оставете ја за подоцна. Рак – Односите се во фокусот. Разговорите отвораат нови перспективи. Не мора денес да носите одлуки, доволно…
Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата!, посочи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Градоначалникот соопшти дека е започнато површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште. „Следува процесот на одгасување а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри квадратни, по сите стандарди. Новите бели дробови на градот!“, нагласи Ѓорѓиевски.
Поради планирани технички зафати во електросистемот, денеска без електрична енергија ќе останат корисници во две скопски општини, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје. Во општина Центар, во периодот од 09:00 до 11:00 часот, струја ќе немаат корисниците од улицата „Наум Наумовски Борче“ бр. 65, како и околните станбени објекти. Во општина Аеродром, во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“, поточно во близина на училиштето „Димитар Македонски“. Прекините се по известување добиено од ЕВН Македонија АД.
Православните христијани денеска го празнуваат споменот на три значајни настани: Обрезанието Господово, празникот на Свети Василиј Велики и почетокот на Православната Нова година. Според јулијанскиот календар, денеска е 1 јануари, ден кога црквата се потсетува на денот кога Божествениот Младенец бил обрезан и го добил името Исус (Спасител). Како што е запишано во Евангелието според Лука: „А кога се навршија осум дена, за да биде обрезан Младенецот, Му кладоа име Исус, известено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.“ Со овој чин, Христос покажал дека примил вистинска човечка природа, а не привидна, како што тврделе некои ереси. Денешниот…
Во Клубот на пратениците денеска, на иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се одржи лидерска средба на парламентарните партии. На дневен ред се клучни реформски закони, изборот на народен правобранител, Изборниот законик и укинувањето на Пржинската влада. Учество на средбата потврдија лидерите на ДУИ, Али Ахмети, на Левица, Димитар Апасиев, како и претставници на коалицијата Вреди и движењето ЗНАМ. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, единствен го одби повикот, со став дека техничката влада мора да остане како гарант за фер избори. „Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме на лидерската средба. Во поканата нема конкретни…
