Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Останаа 6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски

    СДСМ: Останаа 6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски

    25.05.2026 во 10:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уште само 6 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за целосно исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат, велат од СДСМ.

    „6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски.

    6 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од Европа заради сопствени бизниси и криминални тендери.

    Од 10 клучни точки од Реформската агенда, реализирани се само мал дел и тоа делумно.

    Клучно за продолжување на европскиот пат се уставните измени и внесувањето на малцинствата во Уставот, обврска без која нема помрднување од мртва точка.

    Без тоа, нема отворање на следната фаза од преговорите, нема членство во ЕУ, нема ништо.

    Нема нови европски фондови. Нема повеќе инвестиции. Нема подобар животен стандард за граѓаните.

    Мицкоски самиот тврдеше дека има апсолутно мнозинство. Самиот ја укина Техничката влада без консензус, со сила и без опозицијата.

    Сега нека ги заврши реформите, нека ги исполни обврските до 1 јуни, како што ветуваше. Да не ја обвинува ЕУ дека сака да ни го загрози идентитетот туку нека ги внесе малцинствата во Уставот.

    Или јавно нека признае дека не сака членство во ЕУ затоа што се плаши од европско обвинителство, независно правосудство и од одговорност“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.