Author: Author 04

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, остварипроштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во РепубликаСеверна Македонија, Ангела Агелер.На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност,професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно бешенагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето довербаи унапредувањето на дијалогот со Собранието.Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силнаподдршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции,владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тојконтекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави какостратешки партнер и сојузник.Претседателот Гаши нагласи…

Повеќе

Вчера во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 10:00 часот на крстосница од бул.„Туристичка“ и ул.„Караорман“ во Охрид, патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(52) од с.Велгошти, охридско, удрило во 83-годишната П.М. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.М., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Повеќе

Украинскиот главен град Киев преживеа уште една пеколна ноќ под масовен руски оган. Во комбиниран напад со 18 балистички ракети и рекордни 293 дронови „Шахед“, Русија успеа да го остави речиси целиот град без струја и вода, токму во моментите кога температурите се спуштаат до екстремни минус 22 степени. Според државниот оператор „Укренерго“, дури 70% од Киев е во целосен мрак. Покрај главниот град, тешко се погодени и предградијата Буча, Хостомел и Ирпин. Првите експлозии се слушнале околу еден часот по полноќ, а нов бран детонации го потресе градот утрово во 08:30 часот. „Русите се обидуваат да го исклучат градот…

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б.(35) од с. Стримница, општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „загрозување на сигурноста“.  На 02.01.2026 пријавениот во објект на општина Желино им упатувал закани на двајца вработени во општината, откако претходно побарал прием кај градоначалникот, а тој  во моментот не се наоѓал во зградата. 

Повеќе

Вчера во 11:30 часот во СВР Тетово, 70-годишен маж од тетовско село пријави дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.„Н“ од Тетово. Според пријавеното,  во текот на 2024 година лицето му понудило нему и на неговиот брат дека може да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж. Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит,  за што и двајцата потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници, со цел побрзо да остварат право на пензија. После некое време, откако не била…

Повеќе

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, 43-годишен маж од скопско пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар едно лице насилно го извлекло од неговото возило, му упатувало закани и му го оштетило возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Главната расправа за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која требаше да се одржи утре, е одложена. Причина за одложувањето е изборот на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска за членка на Судскиот совет, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје. Јошевска-Анастасовска е бранителка на обвинетиот Аднан Џаферовски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Поради нејзината нова функција, на Џаферовски му е потребно време за ангажирање нов адвокат и негово запознавање со обемниот предмет. Процесот за трагедијата во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, се наоѓа во доказна постапка. Сите 35 обвинети досега се изјаснија…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка. Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди,…

Повеќе

Вчера во 19:00 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија е пријавено дека во периодот од 11:00 до 15:00 часот на 12.01.2026, од железен мост на реката Зуица во близина на регионалниот пат Прдејци – Смоквица, со употреба на алат и физичка сила се пресечени и уништени три типа на кабли преку кои се одвива контролата и командите за сигнално – сигурносните уреди за одвивање на железничкиот сообраќај. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(42) од Тетово и Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт „Ски центар Попова Шапка“ – Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 05.03.2025 на скијачка патека, пријавениот А.А. – вработен во Ски центарот, не укажал на можни последици од неисправност на ски лифтот на лице кое сакало да го користи, при што лицето било удрено и се здобило со повреди.

Повеќе