Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата направи чистка: Фатени пијани возачи во Тетово, Охрид и Куманово, во Скопје и Битола се возело без возачки

    Полицијата направи чистка: Фатени пијани возачи во Тетово, Охрид и Куманово, во Скопје и Битола се возело без возачки

    24.05.2026 во 13:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол, еден со активна забрана за управување, еден со брзина поголема од дозволената и едно лице без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје тројца управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола и по едно во Велес, Тетово, Кавадарци.

    Едно лице во Скопје управувало возило со активна мерка забрана за управување со возило. Едно лице во гостиварско управувало возило со брзина поголема од дозволената, а под дејство на алкохол по едно лице во Тетово, Охрид и Куманово. Во Берово едно лице управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

    Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.