- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
- Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот
Author: Author 04
Поранешниот градоначалник на Струмица, Коста Костадинов, преку статус на социјалните мрежи информираше дека донел лична одлука да го одмрзне своето членство во матичната партија СДСМ.По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ, истакна Костадинов. „Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување. Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно. Единството бара…
Поранешниот премиер Никола Груевски, преку социјалните мрежи, упати честитка до граѓаните по повод празникот Свети Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар. Тој во својата порака посака претстојниот период да биде исполнет со благосостојба и лични успеси за сите верници. „Денес е Нова Година по стариот календар по кој се води и МПЦ-ОА. Нека донесе мир, напредок и успеси! Денес е и денот на Свети Василиј Велики. Нека донесе здравје и среќа во домовите“, стои во неговата објава. Груевски дополнително упати честитки до оние кои денес празнуваат именден или домашна слава. „Честит именден на оние кои го…
Пред нас е празничен период во кој верниците од православна вероисповед ќе уживаат во продолжен викенд. Понеделник, 19 јануари, кога се празнува Богојавление (Водици), е неработен ден за православните граѓани. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги отфрли најавите за нови мерки за ограничување на цените или маржите, нагласувајќи дека пазарот во моментов е стабилен. Според него, официјалните податоци покажуваат дека во декември е забележано намалување на трошоците во секторот храна и пијалоци. „Сега засега не гледаме причина за преземање некакви мерки или ограничување на бруто профитната маржа. Во месец декември цените во делот на храна и пијалоци се намалени за 0,4 проценти. Убеден сум дека овој тренд ќе продолжи и во текот на оваа година“, изјави Дурмиши. Министерот посочи дека ситуацијата се следи секојдневно во соработка со…
Премиерот Христијан Мицкоски по завршувањето на денешната лидерска средба извести дека е постигнат висок степен на согласност меѓу присутните за укинување на техничката влада. Иако законот може да се смени со 61 глас, Мицкоски порача дека не сака решенија „на сила“ и му подаде рака на отсутниот СДСМ. „За да излеземе од ќорсокак, го прифаќаме и овој компромис: Ако СДСМ мислат дека е неопходно да има техничка влада за следните избори, нека биде така. Но, да донесеме измени со кои кој и да победи на нив, техничката влада веќе никогаш нема да постои“, изјави Мицкоски. Премиерот нагласи дека сите присутни…
По речиси три часа дебата, во Клубот на пратениците заврши лидерската средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски. Иако на масата седнаа речиси сите релевантни политички лидери, вклучувајќи ги Али Ахмети од ДУИ и Димитар Апасиев од Левица, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не се појави, со што најголемата опозициска партија остана надвор од разговорите за клучните реформи. На средбата се дискутираше за: Додека Мицкоски бараше национален консензус пред неговото заминување во Давос, Филипче претходно порача дека техничката влада мора да остане како гарант за фер избори, обвинувајќи го премиерот дека бара „алиби“ за предвремени избори. По завршувањето на средбата, се…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари клучна работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Главна тема на разговор беа конкретните форми на поддршка за извозно ориентираните компании и активирање на дипломатската мрежа за промоција на домашното стопанство. Министерот Муцунски нагласи дека економската дипломатија станува приоритет. „Нашата цел е директно да ги слушнеме потребите на коморите и да ги ставиме дипломатско-конзуларните претставништва во функција на зајакнување на економијата и унапредување на извозот“, истакна тој. На средбата беа договорени неколку клучни иницијативи:
Размената на искуства и позитивни практики со земјите од Европа и Светот ни е од голема важност во оваа насока, и затоа се радуваме што стануваме земја членка на Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование (EASNIE).Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, на средбата со Жоао Коста, директор на EASNIE и Рута Сваринскаите, кои деновиве се во посета на нашата земја.
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните. Ова култно катче, еден…
Трговците кои не ги почитуваат законите ќе се соочат со засилени контроли веќе од средината на оваа година. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори кои во моментов ја поминуваат потребната обука. Според Дурмиши, ова засилување е неопходно за да се покрие целиот внатрешен пазар и да се обезбеди поголема отчетност. „Ни требаат инспектори на терен кои ќе вршат контрола над сите трговски друштва. Целта е јасна – да се утврди кој ги гази законите и да се заштитат граѓаните и економијата“, изјави денеска министерот. Во моментов,…
