- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
- Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл: „Пак би го направил истото“
- Во движење запалено возило во Скопје
- Скопјанец дивеел во автобус и на улица: Нападнал возач, патници и полицаец
Author: Author 04
Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон на Фронтот за вистина и правда е за рубриката „Верувале или не“, велат од СДСМ. „Па да му објасниме. Постојат два СДСМ во неговата глава. Едниот е оној што секој ден го напаѓа преку 40% од медиумите на криминална група ВМРО под Орбан. Со сите лаги за згради од 42 ката во Дубаи, Венеција, Харис Џиновиќ, Сент Мориц… Другиот е вистинскиот СДСМ, оној што сруши режимот заедно со граѓаните, што овозможи враќање на слободата и демократијата, и независни судови и обвинителство коишто го осудија најголемиот криминалец во Македонија, Груевски, кој е во бегство.…
Општина Карпош ќе обезбеди бесплатни часови по пливање за сите деца од прво до трето одделение, а влезот на новоотворениот базен за сите ученици од оваа општина ќе биде целосно бесплатен, најави денеска заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски. Новиот спортски објект денеска беше свечено пуштен во употреба, а неговите димензии и карактеристики се целосно прилагодени за потребите на најмладите. Базенот е широк девет метри, долг е 25 метри, а длабочината му е од 0,8 до 1,2 метри. Локалните власти истакнаа дека целта на овој проект е масовно вклучување на децата во спортските активности и правилен физички развој. „Го преземаме како Општина Карпош…
Светската метеоролошка организација (СМО) при Обединетите нации предупредува дека во наредните месеци постои можност за развој на умерен до силен Ел Нињо феномен, кој може да предизвика значително зголемување на глобалните температури и појава на поекстремни временски услови ширум светот. Овој климатски пореметувач е добро познат по својот капацитет целосно да ги измени временските прилики на неколку континенти одеднаш. Според Светската метеоролошка организација (СМО), Ел Нињо претставува периодично затоплување на површинските води во централниот и источниот дел на Тихиот Океан, кое обично трае меѓу девет и 12 месеци. Организацијата наведува дека актуелните океански услови веќе укажуваат на негово засилување. Прогнозите…
Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол и двајца и покрај тоа што имале активна забрана. Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, еден под дејство на алкохол и двајца и покрај тоа што имале активна забрана Во Скопје две лица управувале возило без возачка дозвола и по едно лице во Чашка, Гевгелија, Битола и во Кичево возеле без возачка дозвола. Едно лице во Скопје и едно во липковско возеле и покрај тоа што…
Владата, на предлог на Министерството за транспорт, донесе Одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата. Мерката стапува на сила веднаш и ќе ги опфати клучните месеци од претстојната летна и есенска туристичка сезона. „Од Министерството информираат дека мерката е насочена кон заштита на човечките животи, намалување на ризикот од несреќи и обезбедување непречено користење на езерските води во текот на летната сезона“, се наведува во соопштението. Според одлуката, пловидбата на скутери ќе биде ограничена во периодот од 1 јули до 31 август…
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.М.(24) и А.М.(21), двајцата од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 13.11.2025 кај место викано „Вила вон град“ во Кочани, пријавените со тврди и метални предмети го нападнале Џ.С.(30) од Крива Паланка, при што му го оштетиле неговото патничко возило. Исто така, ОВР Кочани поднесе кривична пријава и против Џ.С.(30) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. Истиот ден на место викано „Вила вон град“, пријавениот со употреба на сила го ставил…
Ниту една компанија во земјава не смее да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална плата, категоричен е министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој најави итни инспекциски контроли на терен и казни за сите кои го прекршуваат законот. Реакцијата на министерот следува по информациите во јавноста дека на официјалната веб-страница на Агенцијата за вработување во моментов се нудат дури 9.000 слободни работни места со плати под минималната. Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, денеска го презентираше Новиот оперативен план за вработување за 2026 година, каде одговараше на новинарски прашања за овој сериозен…
Економските односи меѓу Македонија и Словачка бележат нова динамика по потпишувањето на меморандумот за соработка, соопшти денеска словачкиот претседател Петер Пелегрини по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава. Според словачкиот шеф на државата, бизнис заедниците од двете земји веќе преземаат конкретни чекори за засилување на размената. „По потпишувањето на меморандумот за соработка во делот на економијата за време на мојата посета на Скопје минатата година се појави нова динамика во економските односи. На почетокот на оваа година имаше состанок на заедничката Комисија за економска соработка овде во Братислава и повторно бизнис форум што беше организиран од страна на…
Суштината на процесот на интеграција во Европската Унија е исполнување на Копенхашките критериуми и европеизација во сите сфери на општеството, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Братислава, нагласувајќи дека Балканот историски и културно припаѓа во Европа. Македонската претседателка ги изнесе овие ставови на заедничката прес-конференција со нејзиниот словачки колега Петер Пелегрини. „Се согласувам дека таканаречениот Западен Балкан не смее да биде прескокнат, бидејќи суштината на Копенхашките критериуми е европеизацијата во сите области, почнувајќи од владеењето на правото, поделбата на власта, почитувањето на човековите права, либералната економија и способноста да се исполнуваат обврските кон Европската Унија. Не е доволно да бидете…
Неповолно мислење за финансиското работење на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за 2024 година изрече Државниот завод за ревизија, откако беа лоцирани низа прекршувања на законите, нецелосни пописи и спорни ангажмани со договори на дело. Наодите на ревизорите упатуваат на незадоволително ниво на финансиска дисциплина. „Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, стои во извештајот. ДЗР потсетува дека институцијата со години влече стари неисполнети обврски. Од дадените петнаесет препораки во претходниот период, само четири се спроведени, една е во тек, седум се…
