- Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
- Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
- Голема редица пред експозитурата на Алта Банка во Битола: Граѓани чекаат за повлекување пари
- Приведени 13 луѓе: Полицијата им пронајде марихуана, таблети и прашкасти материи
- Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг
- Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
- Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
- Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
Author: Author 04
Вчера во 13:30 часот во СВР Тетово, Ф.И.(36) од Тетово пријавил дека околу 05:30 часот на ул.„29 Ноември“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во неговото возило „пежо 607“ со тетовски регистарски ознаки и подоцна го следело низ градот. Според пријавеното, така бегајќи од возилото, на крстосницата помеѓу ул.„Видое Смилевски Бато и „29 Ноември“ забележал службено возило на МВР со вклучени ротациони светла зад него, но поради страв не застанал, туку продолжил кон новиот пат за село Порој, каде што изгубил контрола и се превртел на кров, соопштија за случајот од тетовската полциција. СВР Тетово презема мерки за расчистување…
Опозицискиот СДСМ упати јавен повик до Владата за распишување референдум на кој граѓаните сами ќе одлучуваат за насоката во која ќе се движи државата. Портпаролката и членка на Извршниот одбор на партијата, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција ја обвини извршната власт дека нема средства за гласање, но има за други намени. Според СДСМ, актуелните економски и политички состојби директно се одразуваат врз животниот стандард на граѓаните и егзодусот на младите. „Владата на Мицкоски призна дека нема пари ниту за организирање референдум на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Пари има само за криминалната група на ВМРО и…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“. Настанот е посветен на улогата на културната дипломатија и глобалниот дијалог во време на забрзани геополитички промени. Муцунски преку социјалните мрежи порача дека во современиот свет, силата на една држава сè повеќе се мери преку нејзината способност да гради партнерства и да инспирира доверба. „Во своето обраќање нагласив дека културната дипломатија е најчовечката форма на дипломатија и дека нејзината задача е да ја врати човечката димензија во меѓународните односи. Да потсети дека зад секоја држава стојат луѓе, зад…
Времето утре и во сабота ќе биде стабилно со пониски дневни температури. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.
Со воведни зборови на Обвинителството и одбраната, во Одделот за гонење организиран криминал денеска почна судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов. Тој се товари за две кривични дела: „Противправно стекнување и прикривање имот“ и „Перење пари“, откако истражителите во неговиот семеен дом во Неготино пронајдоа скриени 350.000 евра. Пред судијката Билјана Коцевска, обвинетиот изјави дека не се чувствува за виновен. Обвинителката Искра Хаџи Василева во својот воводен збор истакна дека Ристов свесно презел дејствија спротивно на одговорноста на која го повикува судската тога и дека дал погрешни податоци за својата имотна состојба. „Ние ќе ја докажеме неговата намера за…
Административна грешка направена пред неколку децении во Србија предизвика огромен проблем за Србинка која живее во Австралија. Нејзиното семејство неодамна открило дека нејзиниот пол е погрешно запишан во официјалниот извод од матичната книга на родените, поради што сега таа не може да извади лични документи во странство. Целиот случај стана јавен кога детето на жената се обратило за помош на интернет, барајќи совет како да се реши оваа необична ситуација. Проблемот бил откриен сосема случајно при контакт со српската дипломатска мисија. „Неодамна добивме копија од нејзиниот извод од матичната книга на родените од српскиот конзулат во Сиднеј, кој покажува дека…
Прелиминарното рочиште за убиството на шеесетгодишниот П. П. од Стара Пазова, за кое е обвинета неговата сопруга М. П. (46), ќе се одржи во јуни пред Вишиот суд во Сремска Митровица. Обвинетата ќе биде донесена од притвор, кој со најновата судска одлука е продолжен до 8 јули. Грозоморното злосторство се случило ноќта помеѓу 17 и 18 јули минатата година. Според истрагата, М. П. е обвинета дека го удрила сопругот во главата со дрвена рачка од секира во нивниот семеен дом, додека тој спиел, по што мажот починал на местото. По убиството, следел обид за прикривање на доказите. Истражителите се сомневаат…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека српската армија денес е значително посилна отколку претходно, но нагласи дека Србија нема агресивни намери кон ниту една држава во регионот. Тој потенцираше дека зајакнувањето на воените капацитети на земјата има за единствена цел зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста. Според него, Србија стратешки вложува во модернизација на своите вооружени сили. „Српската војска денес е многу посилна, но немаме агресивни намери кон никого“, порача Вучиќ. Како што појасни тој, силната армија претставува важен фактор за одвраќање на потенцијални закани, како и клучна гаранција за безбедноста на државата и на сите нејзини граѓани. Вучиќ на…
Ужасен напад со нож се случил синоќа во јужниот дел на Косовска Митровица, при што едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено. Според информациите од косовската полиција, инцидентот бил пријавен околу 22 часот, откако во Регионалната болница во Јужна Митровица бил донесен маж со сериозни повреди нанесени од остар предмет. И покрај брзата интервенција, дежурните лекари можеле само да ја потврдат смртта на 37-годишниот маж, кој им подлегнал на тешките повреди. Полициските единици веднаш излегле на терен, извршиле увид и започнале истрага за разјаснување на околностите. Во истиот напад со остар предмет било повредено уште едно лице.…
Грозоморно убиство и пукање го потресоа самиот југ на Србија, кога засега непознато лице синоќа отвори оган во Приштина, при што загина едно лице. Како што потврди таканаречената косовска полиција, еден маж е убиен во среда вечерта во Приштина откако се здобил со прострелни рани. Портпаролот на полицијата за регионот Приштина, Енис Пљана, изјави дека веднаш по пријавата, на местото на настанот биле испратени полициски патроли, како и екипа на брза помош. По пристигнувањето на местото на настанот, лекарите можеле само да ја потврдат смртта на мажот кој бил пронајден со прострелни рани. По злосторството, полицијата го обезбеди местото на…
