- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Младите момчиња кои годинава учествуваа во традиционалното фрлање по Светиот крст во водите на Крива Река, а кои се дел од тимот на градоначалникот Сашко Митовски, денеска го посетија градоначалникот во неговиот кабинет, стои во соопштението од Крива Паланка. „Среќното момче кое го извлече Светиот крст е Наум Додевски, кој заедно со другите млади учесници и градоначалникот влезе во студените води по повод православниот празник Богојавление – Водици. За време на средбата, младите донесоа одлука добиената награда од овој чин, да ја донираат на седумчленото семејство Димитровски од Крива Паланка, каде што поддршката е најпотребна. Овој гест е пример на…
Битола е во шок по веста дека 79-годишната жена, која пред шест дена беше жртва на свирепо семејно насилство, им подлегна на повредите. Несреќната жена денеска беше погребана на Светонеделските гробишта, откако лекарите во битолската болница не успеаја да ја спасат од тешките повреди на мозокот и многубројните скршеници, пренесе СДК. Зад оваа смрт стои нејзиниот 28-годишен внук Т.Р., кој на 17 јануари ја претворил заедничката куќа на улицата „Лавчанска корија“ во сцена од хорор филм. Тој ја блокирал влезната врата со фиока за никој да не може да влезе и да помогне, а потоа со раце ја удирал старицата…
Вистински хорор се одвивал во населбата Грочка за време на новогодишната ноќ, кога 33-годишниот Н.Ц. со мачета брутално нападнал сограѓанин. Напаѓачот е уапсен вчера во Белград, по неколку дена потера, под сомнение за кривично дело „насилно однесување“. Според информациите на српските медиуми, Н.Ц. со мачето му нанел неколку удари во пределот на главата и телото на жртвата И.Ј. Повредениот веднаш бил пренесен во болница каде му била укажана итна медицинска помош. Иако нападот бил исклучително брутален, лекарите за среќа констатирале полесни повреди кај жртвата. Насилникот е во притвор и наскоро ќе се појави пред обвинителството за да објасни зошто на…
Вистински хорор се одвивал денеска во градинка во Блаце, Србија, кога 18-месечно бебе ненадејно изгубило свест. Како што пренесуваат локалните медиуми, на детето му се слошило додека било во својата група, по што веднаш била повикана Брза помош. Под ознаката „итно“, во придружба на педијатар, малото дете прво било префрлено во болницата во Прокупље, а потоа поради сериозноста на состојбата е транспортирано во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.Првичните истраги откриваат шокантен детаљ – бебето не се отруло во градинката, туку со себе донело шише од дома. Се сомнева дека неговата баба, правејќи фатална грешка, во шишето за вода истурила медицински…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека мировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов. Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека документите насочени кон завршување на војната се речиси готови, дека тоа е навистина важно. „Украина работи со целосна искреност и решителност и носи резултати. Русија мора да биде подготвена да ја заврши оваа војна, да ја запре оваа агресија“, рече Зеленски, додавајќи дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за заштита на небото. Кога беше прашан за „Комитетот за мир“ на Трамп, кој беше ратификуван порано денес во Давос,…
СДСМ е конструктивна, а не неконтролирана опозиција, како некои други, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, додавајќи дека партијата континуирано се залага за клучните политики и закони, кои беа одбиени од власта. „Бевме конструктивни за реформските закони, за законите за поголема минимална плата кои беа одбиени, за поголеми примања во приватниот сектор, исто така беа обиени, за намалување на цените на храната. Исто така бевме одбиени, за намалување на цената на струјата. Владата не одби за сè.“, потенцираше Филипче.Тој нагласи дека СДСМ е конструктивна и во Собранието за прашања од јавен интерес во однос на анкетната комисија…
ВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување на моторно возило“. На 17.01.2026 на влез во Кочани, полициски службеници запреле патничко возило „форд“, кое пријавениот го управувал и при извршен преглед над него бил пронајден и одземен кокаин, а по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на дрога.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(48), Ѓ.А.(27) и Ц.Е.(36), сите од Скопје. Тие се сомничат за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, од ноември 2025 до 25.12.2025, со закани по животот на Ш.К.(32), барале за наводен долг од 20.000 евра, кој го должи 26-годишниот Н.К., да исплатат 50.000 евра.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин. Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и можности повторно да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул. На состанокот е предвидено учество на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан. Балканската платформа за мир е иницијатива покрената од министерот Фидан во 2025 година, со цел да придонесе за регионалниот мир, стабилност и благосостојба, преку заеднички пристап во изнаоѓање регионални решенија за регионалните прашања. Првиот министерски состанок во рамки на оваа иницијатива се одржа во јули минатата…
