- Фрлил три торби дрога во битолско и избегал, полицијата пукала во воздух
- УХМР со најнова прогноза за цела недела: Топло со температури до 37 степени, попладне можно локално невреме
- Утре ќе има прекин на струја во Скопје и околината
- Паднаа 11 дилери во Скопје
- Скопје домаќин на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, Алиу најави регионална конференција со Светска банка
- ФОТО: Ставиле на себе златни ланчиња од Турција вредни 1,1 милиони денари, пробале да ги криумчарат на Богородица – Царината ги спречи
- Инцидент во угостителски објект во Охрид: Претепано семејство
- Дојчиновски: Мицкоски сака да ја продаде водата и струјата за профит на странски дата центри
Author: Author 04
Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, М.С. од Турција пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, тој во месец октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето, кое наводно посредувало за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати лично и преку трансакциска сметка му ги исплатил паричните средства, а исто така платил и за договор за закуп на стан, кој бил заверен на нотар. Откако лицето не му се јавило подолг период сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје – Полициска станица Карпош, Ш.Ч.(39) од Скопје пријави дека на 21.01.2026 околу 12:00 часот во училишен двор од основно училиште на подрачјето на Влае во Скопје, по претходно недоразбирање на социјална мрежа, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од друг малолетник, при што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 21.30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишија од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата од село Пирава. При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале С.Ј. и Г.Т. во момент кога вршеле мерење на марихуана, по што биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и повеќе предмети со остатоци од марихуана. Исто така, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Г.Т., каде се пронајдени неколку пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Од преземените службени…
Вчера околу 03:10 часот на паркинг простор од бензинска пумпа на автопатот Куманово – Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ ги лишија од слобода Б.К (40) од Турција и А.Д.(56) од с.Слупчане, општина Липково. Имено, по преземени мерки, Б.К. е затекнат како од автобусот, со кој патувал од Турција кон Косово, извадил еден пакет кој го предал на А.Д., кој бил со патничко возило „цитроен ц5“ со кумановски регистарски ознаки. Откако А.Д. го зел пакетот и го ставил во своето возило, бил запрен од полициските службеници кои извршиле контрола во…
Вчера во 08:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат П.Б.(45) од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, Г.Г.(48) од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на игралиште на подрачје на Центар во Скопје, три лица, од кои едниот со употреба на остар предмет, со закани од неговиот малолетен син, кој бил со двајца другари, одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 09:00 часот во атар на с.Град, делчевско, кај место викано „Трендафилово“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток забележале две лица, од кои едното носело ловечка пушка. Лицето кое носело пушка се дало во бегство, но набргу, по преземени мерки, е пронајдено и лишено од слобода. Констатирано е дека се работи за Т.С.(48) од с.Град. Во негова близина е пронајдена и одземена ловечка пушка „орозарка“ за која е утврдено дека била во сопственост на неговиот починат дедо. Известен е јавен обвинител, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него…
Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за правда кон утврдување на фактичката состојба на терен и преземањето конкретни мерки. ,,Во изминатиот период, јавноста беше сведок на настани и случаи кои дополнително ја засилија загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на судството и обвинителството. Таквите појави не смеат да се релативизираат, ниту да се игнорираат. Кога предмети за висока корупција стојат со години без разрешница и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор – тогаш граѓаните со право прашуваат: каде е правдата? Случајот со апелациониот судија кај кого…
Десет државјани на Народна Република Кина беа приведени на регионалниот пат Битола–Демир Хисар, во близина на мостот на реката Шемница. Инцидентот се случи вчера (22 јануари) околу 18:40 часот, кога полициски службеници од СВР Битола реагираа поради сомнеж за нелегален влез во државата. Лицата на возраст од 18 до 62 години, меѓу кои се З.К., Ф.У., З.У., З.М., Ј.Х., Х.Г., Д.К.К., В.Ј., Г.К. и Ч.М., веднаш беа лишени од слобода. По целосното документирање на случајот, против приведените ќе следуваат кривични пријави според член 147 од Законот за странци, со што се очекува да се утврдат сите околности околу нивниот влез…
„Македонска пошта“ информираше дека го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организиарањето штрајк во услови кога е обебзедена плата за сите вработени. – Крајно тенденционо и несериозно е органирањето штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во „Македонска пошта“ во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот е политички мотивиран, а вработените се манипулирани, со што се нарушува нормалното функционирање на претпријатието – порачуваат од „Македонска пошта“. – Би сакале да потенцираме дека Синдикатот е навремено информиран, уште еднаш потенцираме – навремено информиран – дека проблемот е…
