Author: Author 04

На 19.01.2026 во периодот од 10:30 до 10:55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за Гранични работи Југ ги лишија од слобода М.З.(31), полициски службеник од Неготино, К.Т.(29) и Б.П.(28), двајцата од с.Тимјаник, неготинско. При вршење службени дејствија во атар на с.Копришница, демиркаписко, на место каде што нема концесија за лов, односно забранет е лов, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со ловечка пушка, а откако се оддалечиле од возилото слушнале повеќе истрели од огнено оружје. Откако се вратиле, лицата се лишени и задржани во полициска станица,…

Повеќе

Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината. Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени во 2006 година), а уплатата за полагање на возачки испит ја извршиле во 2025 година. Висината на субвенцијата изнесува 10.000 денари со вклучен ПДД , а се користи исклучиво за полагање возачки испит Б-категорија. „Со овие субвенции ги мотивираме младите навремено да го положат возачкиот испит и безбедно…

Повеќе

Министерот за здравство, утрово присуствуваше на стручен симпозиум, во организација на „Клиниката Жан Митрев“, кој претставува платформа за поврзување на меѓународните препораки со реалната клиничка практика. -Особена вредност на овој симпозиум е интерактивниот формат, кој овозможува размена на искуства, унапредување на клиничкото одлучување и јакнење на соработката меѓу различни специјалности, со цел подобра, побезбедна и персонализирана грижа за пациентите. Посебно беше потенциран активниот придонес на континуираната медицинска едукација и развојот на кардиоваскуларната медицина, истакна во своето обраќање министерот за здравство, Азир Алиу. Министерот, меѓу другото потсети и на новините во предлог-законот за заштита од пушење, чија цел е токму заштита…

Повеќе

Времето утре променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР . Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди.Повремени локални врнежи ќе има и во недела, а пообилни врнежи се очекуваат во понеделник, кога и на некои од повисоките места ќе преминуваат во снег. Преодно стабилизирање се очекува во вторник, а од среда повторно ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.А.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катастарска парцела во Охрид,тој без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, извршил доградба на постоечки објект, по што е донесено решение за отстранување на градбата. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.З.(70) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште…

Повеќе

„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем „Бекутан“ во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција.Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, бренд кој со пласманот на францускиот пазар отвори ново поглавје во својот интернационален развој. Тимот на „Лидл“ од Франција го препозна детскиот крем „Бекутан“ како производ со значителен пазарен потенцијал во сегментот на детската козметика. Како клучни фактори при оваа проценка…

Повеќе

Системот “Безбеден град“ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред во сообраќајот. Кога зборуваме за “Безбеден град“, не зборуваме за камери или казни, туку за човечки животи, велат од „Вреди“ „За побезбедни патишта, каде што никој не го губи својот татко, син или сестра поради туѓа неодговорност. За „Вреди“, човечкиот живот нема цена и не може да се релативизира со политички пресметки или дневни интереси. Затоа, законот за имплементација на системот „Безбеден град“ сега влегува во собраниска процедура, како неопходен чекор кон зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на граѓаните.Во исто…

Повеќе

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, најави фронтална борба против неформалната економија преку серија радикални дигитални реформи. Според неа, клучот за поефикасна контрола лежи во воведувањето на е-фактурата и поврзувањето на институционалните системи кои со години работеа изолирано. „Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во кои правилата важат за сите. Системот мора да функционира транспарентно“, порача министерката. Со дигитализацијата на Управата за јавни приходи и Царината, државата планира да ги затвори дупките низ кои со децении истекуваа милиони евра во приватни џебови наместо во буџетот.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска на маргините на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул, оствари билатерална средба со својот турски колега – министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. „Разговаравме за билатералните односи, економската соработка и инвестициските можности, како и за продлабочувањето на соработката во повеќе области од заемен интерес“, истакна Муцунски во својата објава на Фејсбук. Тој исто така посочи дека за време на средбата ја потврдиле одличната политичка соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји. „Во разговорите го потврдивме и силното сојузништво во рамките на НАТО, како и заедничката…

Повеќе

СДС и Филипче се против безбеден град, против заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, против намалувањето на повредени и човечки жртви во сообраќајот. СДС се против и покрај фактите и бројките за помалку жртви и помалку повредени,  СДС се против  се што е добро ако не е од нив, велат од В,РО-ДПМНЕ.„СДС додека беа на власт 8 години ништо не направија за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да ги заштитат граѓаните. Зошто СДС и Оливер Спасовски цели 8 години не усогласиле ништо поврзано со Законот за заштита на лични податоци.За разлика од СДС изминатите неколку недели Министерството…

Повеќе