- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 04
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од првичните ефекти на системот „Безбеден град“, нагласувајќи дека тест-периодот веќе дава видливи резултати во подобрувањето на сообраќајната безбедност. Според него, бројките за јануари се значително подобри во однос на претходниот месец. „Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември. Тоа значи имаме повеќе човечки животи спасени, помалку сообраќајни незгоди, помалку пациенти на траума и, на крајот од денот, побезбеден сообраќај“, изјави Мицкоски. Премиерот откри дека е забележан огромен пад на регистрираните сообраќајни прекршоци преку камерите. „И она што мене ме радува е ако од почетните денови кога имаше неколку десетици илјади…
Вчера во 19:00 часот во казино лоцирано на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.Р. (28) од Битола поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 79-годишна баба во семејниот дом во Битола, при што и нанел тешки телесни повреди. Од страна на екипа на Итна медицинска помош Битола, повредената била пренесена во Клиничка болница Битола. Во координација со јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ.
Српскиот министер за образование, Дејан Вук Станковиќ, најави дека сериозно се разгледува можноста за скратување на училишните часови од 45 на 30 минути. Како главна причина за ваквиот предлог се наведува феноменот на „дифузно внимание“ кај учениците, предизвикан од прекумерната употреба на новите технологии. Министерот објасни дека денешните генерации тешко го задржуваат фокусот на една содржина подолг временски период. „Во овој момент размислуваме за оваа идеја, да бидеме што е можно попрецизни, отворено и гласно. Мислам дека постои некаков вид психолошко оправдување. Тоа е дека токму под влијание на овие нови технологии имате феномен на дифузно внимание. Не можете да…
Вчера во 14:40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.С. од Скопје поради тоа што на 16.01.2026 пред угостителски објект со неговото возило го оштетил возилото на Г.Ѓ.(23) од Скопје, а потоа со возилото го удрил Г.Ѓ.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека во пералната во установата, во облека на осудено лице била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Две финансиски друштва во Скопје биле мета на крадци во текот на вчерашната вечер, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Грабежите биле извршени во краток временски интервал на две различни локации во главниот град.Вчера во 05:20 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Центар, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземен бил сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ито така вчера во 04:44 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Гази Баба, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземени биле пари од сеф. Се…
На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес. Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.
Процесот на откуп на тутунот од ланската реколта влегува во завршна фаза. Досегашните податоци покажуваат дека откупувачите презеле околу 25.000 тони тутун, а постигнатата просечна цена изнесува 419 денари по килограм. Иако динамиката на терен се намалува, од Сојузот на земјоделските здруженија смируваат дека законскиот рок за преземање на тутунот е до крајот на наредниот месец. „Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Но потсетувам, дека и кооперантите и откупувачите треба да знаат, законски, откупот на тутунот трае до 28 февруари. Се појавуваат информации дека е хаос во откупот. Тоа не е точно и не треба да се доведуваат тутунопроизводителите…
Вчера во Полициската станица Струмица е пријавено дека на место викано „Белик“, во атар на село Градско Балдовци, трактор кој влечел приколка натоварена со дрва, паднал во речното корито на река Тркање. На местото на настанот починал Д.Н.(58) од Струмица, кој го управувал тракторот, а смрт била констатирана од лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.
Мицкоски од Аеродром: Проектите добиваат физиономија, инвестираме во современи услови за образование
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот објект на основното училиште „Блаже Конески“ во општина Аеродром. Тој истакна дека ова е дел од серијата проекти започнати во изминатите 19 месеци кои веќе се финализираат. Мицкоски изрази задоволство од новите капацитети, нагласувајќи дека децата добиваат идеални услови за учење. „Не може човек да не биде задоволен и би рекол емотивен кога ќе присуствува на еден ваков настан, ново училиште за најмладите, за дечињата. Добро е што голем дел од проектите што ги започнавме изминативе 18/19 месеци ја добиваат својата контура, својата физиономија“, изјави премиерот. Тој…
