Author: Author 04

Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска поради празникот Водици. Како што информираат од МВР, денеска (19.01.2026) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки. Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од…

Повеќе

Македонија се разбуди во длабок „минус“. Според мерењата на УХМР во 7 часот наутро, најстудено беше на Попова Шапка со -12 степени, додека во Берово се измерени -10 степени. Ниските температури не го заобиколија ниту Скопје, каде кај Петровец се регистрирани -7 степени. Минимални температури измерени низ градовите: Освен студот, регистрирана е и снежна покривка, која на Попова Шапка изнесува 24 сантиметри. Во текот на денот се очекува сончево време со умерена облачност и максимални температури до 6 степени. Во Скопје дневниот максимум ќе изнесува 4 степени.

Повеќе

Православните верници денеска го слават големиот христијански празник Богојавление – Водици, денот кога Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Со свети литургии и традиционално положување на чесниот крст во осветените води, празникот се одбележува низ целата држава. Во Скопје, централната манифестација започнува во 9:00 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде ќе богослужи поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Околу полдне, поворката ќе се упати кон мостот „Слобода“, каде архиепископот ќе го спушти крстот во Вардар. За годинашната манифестација во главниот град се пријавени околу 160 граѓани. Отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ истакна…

Повеќе

Македонија се наоѓа под влијание на стабилно, но многу студено време, кое според синоптичарите ќе потрае до утре, кога се очекуваат нови врнежи од снег. Утрешниот ден ќе започне со умерена облачност и ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат и до -8 степени. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и слаб североисточен ветер, со максимални температури до 6 степени. Во Скопје се очекува слично време со утрински -4 и дневни 4 степени. „Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег“, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки…

Повеќе

Денеска (18.01.2026) во периодот од 10:00 до 18:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територија на цела држава, за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 54 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, сите санкционирани 54 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. Санкционирани се и…

Повеќе

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен меѓу другото со дејствија на корупција и трговија со влијание. Врз основа на наредба што јавниот обвинител ја побара и обезбеди од надлежниот суд денеска беше извршен детален претрес на локација во…

Повеќе

Научната и академска заедница во Македонија се збогува со проф. д-р Илија Димовски, редовен професор на Педагошкиот факултет во Штип, кој почина на 84-годишна возраст.Со големо жалење ја соопштуваме веста за починувањето на Проф. д-р Илија Димовски, редовен професор на Педагошкиот факултет во Штип, стои во соопштението објавено по повод неговата смрт. Илија Димовски е роден е во 1942 година во село Мало Црско. Магистрирал на Универзитетот во Загреб, а докторирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на бројни научни трудови и стручни книги и остави значаен придонес во науката, образованието и развојот на еколошката свест…

Повеќе

Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека прифатил покана од американскиот претседател Доналд Трамп за учество во новото меѓународно тело насочено кон решавање на кризата во Газа. Албанија во овој процес ќе се појави како една од земјите основачи на т.н. „Одбор за мир“. Рама информацијата ја сподели преку своите профили на социјалните мрежи, потенцирајќи ја важноста на овој чекор за албанската дипломатија. „Албанија е поканета како еден од основачките членови на ова меѓународно тело“, посочи премиерот, додавајќи дека ваквата иницијатива претставува директно меѓународно признание за неговата земја. Според шефот на албанската влада, поканата е силен доказ за зголемениот углед и…

Повеќе

Македонија се подготвува за нов бран на студено време и врнежи од снег кои се очекуваат кон средината на претстојната недела. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утрешниот ден ќе започне со студено утро, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и слаб североисточен ветер. Вистинската промена на времето пристигнува во вторник. „Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег“. Во овој период температурите ќе се движат од минимални -10°C до максимални 7°C во вторник, додека во среда дневниот максимум ќе достигне…

Повеќе

Системот „Безбеден град“ е пред официјално пуштање во функција, а премиерот Христијан Мицкоски најавува дека ефектите од досегашната примена на камерите веќе го менуваат однесувањето на возачите. Прашан за поддршката од опозицијата и законските измени, премиерот истакна дека клучен е хуманиот аспект. „Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември“, истакна Мицкоски, додавајќи дека бројот на дневни прекршоци е намален од сто илјади на само неколку илјади. И покрај најавите за старт на 1 февруари, останува неизвесноста околу поддршката…

Повеќе