Author: Author 04

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) „прочешлаа“ 188 маркети и хипермаркети низ државата, при што изрекоа вкупно 22 казни во вредност од приближно 40.000 евра. Во рамки на вонредните надзори спроведени од 13 до 16 јануари, инспекторите затекнале сериозни пропусти кај операторите со храна. Како што соопштија од АХВ, одземени и нештетно уништени се над 253 килограми небезбедна храна, меѓу кои месо и месни преработки, млечни и кондиторски производи. „Кај 14 маркети беше затекната храна со изминат рок на траење, додека кај дел од операторите е констатирано дека вработените немаат ниту санитарни книшки“, информираат од Агенцијата.

Повеќе

ЈП „Македонија пат“ упати апел до возачите за крајна претпазливост поради појава на густа магла на неколку клучни патни правци низ државата. Најкритично е на планинскиот премин Плетвар и во околината на Крушево, каде видливоста е намалена на само 50 метри. Слична е состојбата и на преминот Стража, како и на патниот правец Тетово – село Лисец, каде видливоста е ограничена до 80 метри. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, но по претежно влажни коловози, бидејќи врнежите од снег во моментов се престанати. Од претпријатието предупредуваат и на можна појава на поситни одрони низ клисурите и усеците.

Повеќе

Православните верници денеска го одбележуваат Навечерието на Богојавление, во народот познато како Водокрст или Водопост. Овој ден е посветен на строг пост и духовна подготовка за утрешниот голем празник Водици. Во храмовите денеска се извршува Голем водосвет, по кој верниците се поросуваат со осветената вода и пијат од неа. Според црковното предание, никој не треба да го пропушти овој чин, бидејќи преку благодатта на празникот се осветува целата природа. Традицијата налага со оваа вода да се попрскаат домовите за здравје и среќа. Се верува дека осветената вода од денешниот и утрешниот ден има силна моќ: здравите да ги укрепи, болните…

Повеќе

Македонија денеска се разбуди во студено утро со температури кои на места се спуштија и до -6 степени. Според УХМР, во текот на денот нè очекува променливо облачно време, а на одредени места ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. На планините и повисоките места се очекува провејување на слаб снег. Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, додека во Скопје ќе биде облачно со температура до 5 степени. Сепак, вистинскиот пресврт доаѓа веќе од вторник навечер. Метеоролозите најавуваат нов влажен бран кој во текот на ноќта и во среда ќе донесе…

Повеќе

Категорично ги демантираме наводите и сериозните обвинувања изнесени од Националниот парк „Шар Планина“, кои содржат неточни информации и претставуваат клевета кон нашето работење. За истите, без никаква отстапка, ќе бидат преземени сите со закон дозволени правни мерки, велат од Хотел Арена. „Посебно нагласуваме дека уплатата на средства кон јавна институција не претставува поткуп, туку редовна финансиска трансакција. Конкретната уплата е извршена согласно ценовник и писмен допис кои ни беа доставени од самиот Национален парк „Шар Планина“ на нашиот официјален електронски мејл. Во прилог на ова, постојат материјални докази кои ја потврдуваат наведената постапка. Тврдењата дека средствата се уплатени „без фактура…

Повеќе

Православните христијани утре го слават празникот Водокрст, денот кој му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Во народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во Светата Црква се врши голем водосвет. Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата утре добива лековита моќ и се користи за очистување на душата и телото. Водокрст го означува крајот на „некрстените денови“ и нè подготвува за големото објавување на Светата Троица на реката Јордан. Според традицијата, по утрешниот строг пост, следува големата прослава на Водици, кога верниците традиционално се собираат за спуштањето на светиот крст…

Повеќе

Еден од најголемите инфраструктурни проекти во Скопје влегува во клучна фаза. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информираше дека изградбата на клучката кај Момин Поток и булеварот „Никола Карев“ се одвива со забрзано темпо. Во моментов, екипите работат на поставување на атмосферската канализација на потегот од реката Серава до клучката со булеварот „Словенија“. Паралелно, се интензивираат работите и на левиот крак од новиот мост над Серава, кој треба да обезбеди директна и побрза врска меѓу овие значајни сообраќајни артерии. „Како што ветив, Скопје пишува нова страница во својата историја. Со дела, не со зборови. Скопјани заслужуваат“, порача Ѓорѓиевски.

Повеќе

Општина Аеродром најостро го осудува синоќешниот вандалски чин во паркот „Бановина“, каде што беше брутално уништена заедничката сопственост на сите граѓани. Искршена е урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа.Паркот „Бановина“ неодамна беше целосно обновен, со нова, современа урбана опрема за уживање на сите генерации. Наместо грижа и почит, сведочиме на несовесно однесување и уништување. Ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција.Општина Аеродром упатува апел до граѓаните: да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме дека сме зрела и одговорна заедница. Само така можеме да…

Повеќе

Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца, рече на денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат и за силување, за убиство? За што следно?…

Повеќе

Масовна тепачка, напади врз сопруги, па дури и врз малолетно дете се дел од полицискиот извештај за изминатото деноноќие во Скопје.Во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопско, пријави дека на 10.01.2026 во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физичка нападната од нејзиниот сопруг К.Ј.(33), кој употребил тврд предмет, а притоа и упатувал ѝ закани со остар предмет. Претходно, според пријавеното, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка. Вчера во 09:20 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од Скопско, пријави дека во претходните денови неколку пати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48) од скопско, кој притоа и…

Повеќе