- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Синоќа кај Свети Николе беше спроведена спектакуларна полициска акција во која е пресечен голем меѓународен синџир за трговија со дрога. Припадници на САЕ „Тигар“ и Одделот за организиран криминал при МВР успеаја да запленат околу 200 килограми марихуана, објави порталот МКД.мк. Шемата на криминалната група била добро осмислена: дрогата била сокриена во автомобил со швајцарски ознаки, кој бил качен на шлеп-служба со македонски таблички за да не предизвика сомнеж. Целиот транспорт имал и возило „чистач“ кое се движело напред за да сигнализира евентуални полициски контроли. Сепак, оперативците на МВР ја следеле групата и ги пресретнале сите три возила истовремено.
Изминатите 24 часа донесоа обилни врнежи низ земјава, при што најкритично беше во Крива Паланка со 39 литри на квадратен метар и Виница со 26 литри. Додека градовите се соочуваат со дожд, планинските центри побелеа – на Попова Шапка веќе се измерени 31 сантиметар снег, а таму е и најстудено со -3 степени. Денеска не очекува слично време. Претежно облачно, со дожд во пониските и снег на повисоките места во источните делови. Попладне се очекува делумно разведрување во западна Македонија. Максималните температури ќе се движат од 9 до 12 степени, додека во Скопје ќе биде облачно со дожд и температура…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 20.1.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,721%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,433% и кај мазутот зголемувањето е за 0,569%. Од 27.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС –…
Вчера во 15:30 часот на бул. „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Н.А. (37) од Скопје. При преглед на неговото возило пронајдени се две патнички торби во кои имало марихуана. На 27.01.2026 во 00:10 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Х. (21) од Тетово, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во гостувањето на Топ Тема порача дека учество во Владата има една цел – да биде коректор на политиките и гаранција дека реформите ќе се спроведуваат во интерес на граѓаните и државата. „Во Владата влеговме со јасни услови. Првиот и клучен услов беше ДУИ да биде надвор од Владата – како главен кочничар на реформските процеси заедно со СДСМ“ – истакна Минчев. ЗНАМ има активна корективна улога во повеќе чувствителни области: вработувањата во јавната администрација, употребата на дигиталната алатка „Балансер“, примената на знамето на етничките заедници и заштитата на државните симболи. Партијата…
Секојдневно на виделина излегуваат нови факти дека на СДС и Венко Филипче за време на 7 годишното владеење приоритет не им биле граѓаните туку сопствените лукративни цели и интересите на тесен круг луѓе блиску до врхушката на СДС како и бизнис зделките договорени со менторот Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во низата афери најскандалозен е случајот со планот на Филипче и Заев за преземање на болницата Жан Митрев кој во јавноста доби потврда и од самиот доктор Жан Митрев. Филипче и Заев имале точно разработен план како да ја преземат болницата Жан Митрев. Класичен модел на делување на кланот Заеви и…
„Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот на енергетиката, нешто коешто тој самиот го има јавно говорено, каде што со познати светски фирми има соработувано и има добро заработено., велат од СДСМ“ „Со овој одговор за часовниците на Mицкоски вредни 150 минимални плати ВМРО потврди: сè е приватен бизнис за Мицкоски. Директор во ЕЛЕМ, советник на Груевски, сè е тоа приватен бизнис. Така е за сите во ВМРО и ЗНАМ, државната работа за нив е приватен бизнис, сите се ориентирани кон тендери и бизниси. На македонскиот работник му…
Блокадата на товарниот сообраќај на граничните премини низ Македонија продолжува со полн интензитет и денеска. Македонските превозници, поддржани од колегите од Србија, Црна Гора и БиХ, јасно порачаа: „Не сме туристи, туку професионалци“. Тие бараат итно решение за правилото 90/180 дена кое, со воведувањето на новиот ЕЕС систем во април, сериозно го загрозува опстанокот на транспортниот сектор. Билјана Муратовска од „Макам-транс“ предупредува дека над милион тони стока може да остане заглавена доколку Брисел не попушти. „Не е економски оправдано возач да седи дома три месеци додека камионот стои“, децидна е таа. Додека камионите се во колони, патничкиот сообраќај засега се…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати срдечна честитка до граѓаните од српска националност во Македонија по повод празникот Свети Сава. Таа истакна дека овој голем празник е потсетник за патот по кој треба да чекориме – патот на духовноста, просветителството и меѓусебното разбирање. „Српската заедница, со својот богат културен идентитет, е важен сегмент на нашето мултикултурно општество. Вашиот придонес ја прави македонската држава побогато и попросперитетно место за живеење“, порача претседателката во честитката. Таа додаде дека пораката на Свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било во времињата полни со предизвици.
УХМР најавува кратко стабилизирање на времето, па нов дожд и снег – од петок температурите ќе паднат
Иако денешното попладне носи делумно намалување на облачноста, метеоролошките најави укажуваат дека веќе од утревечер (среда) не очекуваат нови врнежи. Стабилното време ќе биде краткотрајно, бидејќи во четврток повторно ќе има услови за дожд во пониските и снег на планините. Од петок, пак, влегуваме во период на променливо облачно време каде дневните температури значително ќе опаѓаат. Македонија ќе остане под влијание на постудени воздушни маси кои ќе донесат слаби локални врнежи од дожд и снег во текот на претстојниот викенд. Подгответе ја топлата облека – зимата сè уште ја покажува својата сила.
