- МВР направи претрес: Најдени пиштоли, пушки и бомби
- Заврши броењето на гласовите во Косово: Самоопределување обезбеди 53 пратенички места
- Поставени нови лулашки, лизгалки и урбана опрема во Општина Илинден
- Божиновска: Македонскиот рубин е заштитен, продолжуваме со мермерот
- ВИДЕО: Со виљушкар откорнаа банкомат и избегаа за неколку минути
- Муцунски во Ирска: ЕУ проширувањето мора да биде фер и објективен процес
- Мицкоски: Како Влада почнавме од нула – Македонија денес топ-5 во Европа по раст на БДП
- Западен Балкан во фокусот на самитот за транспортни инвестиции во Солун
Author: Author 04
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б.(36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Пријавената, во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои што и биле доверени во службата, на тој начин што на менаџерот од Гевгелија му прикажувала факти дека ќе склучи бизнис договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран и ќе им ги додели мобилните уреди во вид на субвенциона форма за направените активации и обнови. Додека, на месечните…
Вчера во 16:30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.К.(43) од Германија, поради тоа што при извршен преглед, во координација со ФРОНТЕКС, на патничко возило– комбе „рено“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.К., во возилото биле пронајдени и одземени кафеава грутчеста материја и марихуана. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински ја посети Општина Лозово. Во текот на посетата министерот Перински оствари средба со градоначалникот Бошко Цветковски и членовите на Советот на општината, на која се разговараше за клучните активности на министерството, можностите што им стојат на располагање на општините, како и за конкретните потреби и развојни планови на Општина Лозово, насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Министерот Перински нагласи дека неговата цел, како што се покажа и изминатиот период, е да биде присутен на терен и директно да ги слушне потребите на…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше за текот на градежните активности за темелна реконструкција на улицата „Ѓорѓи Димитров“ во општина Кисела Вода. Проектот, кој е дел од иницијативата „Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, предвидува комплетно нов лик на оваа важна сообраќајница. Инвестицијата вредна 51.891.337 денари опфаќа замена на тампонскиот слој, поставување на нова асфалтна конструкција во два слоја и целосна реконструкција на тротоарите со павер елементи. „Со овој проект значително придонесуваме за подобрување на сообраќајниот проток, урбаното уредување и секојдневната мобилност на граѓаните“, истакна Мицкоски во својата објава на Фејсбук. Паралелно со коловозот, се врши нивелирање на…
Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска упати остри критики до Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и неговиот претседател Слободан Трендафилов. Според Манасиевски, раководството на ССМ одбило предлог на Владата за зголемување на платите во администрацијата за 40% во следните две години. Манасиевски го обвини Трендафилов дека е „политички заробеник“ на СДСМ и дека свесно ги остава работниците без повисоки примања само за да не го потпише новиот колективен договор. „Лицемерието е разоткриено. Додека глуми загриженост за работничките права, Трендафилов го одбива предлогот на Владата за раст на платите од 40 отсто. Очигледно е дека на ССМ…
Денеска во 06.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишија од слобода И.Ј.(43), С.З.(36), Д.П.(69), Д.П.(65) и С.З.(42), сите од село Брвеница. Извршени се претреси во с. Брвеница, во куќи, помошни простории и патнички возила, а врз основа на претходно издадена судска наредба. При тоа, кај И.Ј. се пронајдени пет паковки со бела прашкаста материја, 52 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, два куршуми од пиштол непознат калибар и една чаура од автоматска пушка. Кај С.З.(36) се пронајдени и одземени 20 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, пиштол и рамка…
Собранието на денешната 83. седница, со поддршка од 83 пратеници, го избра Бојан Маричиќ за нов претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател на највисокото изборно тело е избран Абдуш Демири. Покрај раководните позиции, пратениците го изгласаа и новиот состав на членови на Комисијата, во кој влегуваат: Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Во продолжение на седницата беа пополнети и позиции во други важни тела. За нови членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беа избрани Лимко Бејзароски и Наташа Ахмед, додека кандидатката Џинан Ахмед претходно се повлекла од трката.
Лишени од слобода возачи во Куманово и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Куманово предизвикал и сообраќајна несреќа На 27.01.2026 во 21:00 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ј. (35) од Куманово. Претходно, во 20:20 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово М.Ј. управувајќи возило „пежо“ удрил во три паркирани возила, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,74 промили алкохол во крвта. На 28.01.2026 во 01:30 часот на ул. „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го…
Ноќеска во 00:20 часот, на регионалниот пат Радожда-Струга, лишени од слобода се Ј.К.(42) и П.Т.(41), двајцата од Република Грузија. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, оствариле илегален влез и незаконски престој на македонска територија, по што се задржани во полициска станица за натамошна постапка.
Првиот заменик-председател и министер за европски прашања на Северна Македонија, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз. За време на средбата се дискутираа блиските билатерални односи меѓу Северна Македонија и Шпанија, како и можностите за проширување на соработката во различни области, вклучувајќи ја европската политика, економијата, образованието и културата. Посебен фокус беше ставен на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, со акцент на важноста од напредокот во реформите и исполнувањето на европските критериуми. Исто така, на средбата се разгледа и реформската агенда која е во тек, со цел зајакнување на институциите, транспарентноста и подобрување на…
