Author: Author 04

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Министерството за внатрешни работи оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу, која престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа разгледани повеќе значајни прашања од заеднички интерес, со акцент на унапредување на општата соработка меѓу двете министерства, планот до почетокот на туристичката сезона да се имплементира One Stop системот и со Република Албанија, можноста за пуштање на граничен премин „Џепиште – Требиште“ да работи постојано 24 часа во годината, како и активностите поврзани со нацрт-договорите меѓу двете влади за воспоставување заеднички контроли на заедничките гранични…

Повеќе

Вчера во 08:27 часот во СВР Штип, 82-годишна жена од Штип пријави дека на 26.01.2026 околу 21:00 часот едно лице со употреба на физичка сила и подесен алат насилно влегло во нејзиниот дом и физички ја нападнало, нанесувајќи и тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, а притоа ѝ одзело мобилен телефон и личен накит, информираа од МВР.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Времето утре облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен превец, соопшти УХМР. Во Скопје, облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.

Повеќе

ОВР Берово поднесе кривична пријава против М.Г.(20) од с.Црник, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,загрозување на сигурноста‘‘, „спречување службено лице во вршење на службено дејствие” и „спречување на докажување”. На 20.12.2025 во с.Црник, пријавениот се однесувал агресивно и се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија, по што се обидел да опожари дрвна маса за која претходно полициските службеници констатирале дека била нежигосана и без испратница, а со намера да го спречи или отежне докажувањето со уништување, оштетување на предметните дрва.

Повеќе

Вчера околу 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на магистралниот пат Скопје- Граничeн премин Блаце, во близина на граничниот премин, патничко возило „бид“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б.(41) од Р.Косово удрило во паркирано патничко возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Г.С.(23) од Куманово, кој бил во возилото. Во несреќата со телесни повреди се здобил Г.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Вчера во 15:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Мара Угриноска“ во Гостивар, патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(68) удрило во 55-годишната Н.Н., двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Н., констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Повеќе

На 27.01.2026 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст. 3 во врска со став 1 од КЗ. Имено, на 26.01.2026 М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со швајцарски национални ознаки, во кое заедно со И.Б. сместиле наркотична дрога марихуана, при што го контактирале Г.Б. со цел моторното возило да биде шлепувано од Струга до…

Повеќе

Стопанските комори и Здружението на работодавачи на БиХ упатија драматичен апел за итен прекин на сообраќајните блокади на границите кон ЕУ. Иако изразуваат целосно разбирање за револтот на транспортерите поради визниот режим на Шенген, бизнис заедницата предупредува дека моменталните блокади „пукаат во сопственото колено“. Економијата на БиХ веќе трпи штети кои тешко ќе се надоместат. Прекинот на синџирите на снабдување неминовно ќе доведе до раст на цените во продавниците. Компаниите веќе се соочуваат со пенали поради доцнење на стоката. „Проблемот не е меѓу бизнисмените и транспортерите, туку во системот. Но, блокадите ја казнуваат домашната економија, а не Брисел“, се вели…

Повеќе

Новата стратегија за визни правила за прв пат ги признава потребите на возачите од трети земји За прв пат, Европската унија ќе го отвори прашањето за долгорочен престој во Шенген на институционално ниво за професионалци кои мора да се движат меѓу неколку земји-членки поради работа, вклучувајќи ги и професионалните возачи од трети земји кои во моментов ги блокираат товарните премини, дознава „Блиц бизнис“. Оваа визна стратегија, според информации на Блиц Бизнис, ќе биде објавена утре во Брисел. Работниот документ на Европската комисија, до кој „Блиц бизнис“ имаше пристап, а кој претставува основа за развој на нова визна стратегија на ЕУ,…

Повеќе

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш.(40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“, против Д.Л.(33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“ и против Б.З.(45) од Скопје за „фалсификување исправа“. Во септември 2025 година, првопријавениот без согласност на неговата мајка и уште едно лице ги искористил нивните лични податоци од лична карта и патна исправа и му ги предал на второпријавениот, кој без согласност, ги искористил нивните лични податоци во постапка за кандидирање на членови на Советот на општина Богданци пред…

Повеќе