Дел од жителите на скопската населба Маџари денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи на Град Скопје, прекин на електричната енергија од 8:30 до 11:00 часот ќе има кај дел од корисниците на улиците „Карл Либнехт“ и „Темко Попов“, во општина Гази Баба.
Причината се активности во трафостаницата „Маџари 7“, каде ќе се вршат чистење и проверка на расклопната опрема, како и долевање масло во кабловската глава и трансформаторот.
Дополнителен прекин на струјата на истите улици е најавен и во периодот од 11:30 до 14:30 часот. Овојпат интервенциите ќе се реализираат во трафостаницата „Маџари 6“, каде се предвидени чистење, долевање масло во кабловските глави и трансформаторот, како и проверка на расклопната опрема.
Од ЦУК посочуваат дека прекините се резултат на планирани зафати на електродистрибутивната мрежа.

