Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска и Вал доделија сертификати на 50 наставници за развој на поинклузивно образование

    Јаневска и Вал доделија сертификати на 50 наставници за развој на поинклузивно образование

    03.06.2026 во 13:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска им доделија сертификати на 50 наставници од основните училишта кои учествуваа на работилница за креирање забавни ученички активности кои поттикнуваат заедништво и почитување на различностите.

    Работилницата, организирана во соработка меѓу МОН и ОБСЕ, на просветните работници им овозможи нови практични алатки за создавање поинклузивни, побезбедни и поподдржувачки училишни средини.

    Министерката Јаневска истакна дека образованието има клучна улога во градењето доверба и соживот, посочувајќи ги наставниците како клучни сојузници во овој процес.

    „Со надградувањето на овие ваши вештини, вие директно придонесувате за развој на емоционалната интелигенција кај учениците, што е особено важно во времето и околностите во кои живееме, како и за јакнење на критичкото мислење и интеркултурните компетенции. Со тоа, им помагате на учениците и нивните семејства да се препознаат како дел од една заедничка приказна на напредок и иновативност“, им рече Јаневска на наставниците.

    Таа додаде дека годинава, преку поддршката од ОБСЕ, грантовата шема за меѓуетничка интеграција во училиштата е дополнително зајакната, а износот на грантовите е двојно зголемен.

    „Доделивме вкупно 57 грантови – 39 за основни и 18 за средни училишта со кои се реализираат заеднички работилници, едукативни активности, културни и спортски настани. Ја следиме директно реализирацијата на овие проекти и задоволни сме од постигнувањата“, истакна министерката Јаневска.

    Амбасадорот Килијан Вал во своето обраќање ја потенцираше улогата на наставниците, која според него, оди далеку надвор од обичното пренесување на знаења.

    „Вашата улога како наставници оди далеку подалеку од пренесувањето знаења. Вие создавате училишни средини во кои се негуваат почитта, соработката и разноликоста. Преку новите знаења и практични алатки за работа со ученици од различни средини, вие сте уште подобро подготовни да создавате училишта во кои секој ученик се чувствува прифатен, почитуван и безбеден. Преку зајакнувањето на вашите компетенции за интеркултурно образование и инклузивни наставни методологии, вие сте уште подобро подготвени да им помогнете на младите луѓе да се справуваат со предизвиците на денешницата и да придонесете кон создавање побезбедни и поттикнувачки училишта. Горди сме што ја поддржуваме вашата работа, која е од суштинско значење за унапредување на квалитетот на образованието и зајакнување на општествената кохезија“, изјави амбасадорот Вал.

    Обуката успешно им помогна на наставниците да развијат практични пристапи за поттикнување дијалог, решавање на конфликти и градење позитивни односи во училниците.

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.