Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче води политика во корист на Бугарија, а на штета на Македонија

    (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче води политика во корист на Бугарија, а на штета на Македонија

    03.06.2026 во 12:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ денеска преку прес-конференција упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со неговите ставови за билатералниот спор со Бугарија.

    Портпаролот на владејачката партија, Валентин Манасиевски, истакна дека опозицискиот лидер води политика која директно ги штети македонските државни интереси.

    „Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор“, рече Манасиевски.

    Според партискиот портпарол, однесувањето на актуелното раководство на СДСМ предизвикува задоволство кај официјална Софија. Тој додаде дека ваквите чекори нанесуваат штета на самата опозициска партија.

    „Од Бугарија се радуваат кога гледаат дека во Македонија има мала група на политичари, како што се СДС предводени токму од Венко Филипче, кои за власт би ги распродале и државните интереси. Проблемот кај оваа мала група на политичари како Венко Филипче кој е и уценет од Бугарија, е што води иста политика која е на иста линија со Румен Радев и со тамошните власти. Филипче води штетна политика која нанесува огромна штета на Македонија, но исто така му штети и нему, а и на СДС“, обвини портпаролот.

    Од владејачката партија се осврнаа и на барањата за уставни измени кои секојдневно се пласираат во јавноста од страна на опозицијата.

    „И додека поранешни негови соработници велат дека не треба секој ден да излегува на прес-конференции и да бара уставни измени бидејќи со тоа покажува колку е тој очаен и безидеен, уценетиот Венко Филипче пак и денес со сигурност ќе излезе на прес-конференција и ќе рече дека уставните измени се решението и веќе утре сме дел од ЕУ. Почитувани граѓани, На Бугарија не и се брза, тие декади чекаа да дојде некој како Зоран Заев, па не им е проблем повторно да чекаат некој сличен во случајот како Венко Филипче“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.