Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Богата програма во Скопје: Почнува манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“
    • ЦУК со пресек: Каква е состојбата со пожарите низ Македонија
    • Ќе нема струја со часови – Оваа среда најавени исклучувања низ Скопје
    • Цвеќе и свеченост за роденденот на Мајка Тереза – Одбележување во срцето на Скопје
    • Инвестиција од 222 милиони евра – Старт на изградбата на автопатот Скопје-Блаце
    • Собранието со полни раце работа: Антикорупција, инвестиции и буџет на дневен ред
    • Пеколен ден па невреме – УХМР најавува што да очекуваме денеска
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмалку 21 лице загинаа во голем пожар во Њу Делхи

    Најмалку 21 лице загинаа во голем пожар во Њу Делхи

    03.06.2026 во 12:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 21 лице го загуби животот, а неколкумина се повредени во голем пожар што зафати висока зграда во главниот град на Индија, Њу Делхи, соопштија од локалната полиција.

    Според првичните информации објавени од индиските медиуми, меѓу загинатите има и странски државјани од јужноазиските земји, кои престојувале во објектот поради медицински третман или како придружба на своите блиски.

    Објектот во кој избувнал пожарот функционирал како пансион за пациенти и нивни семејства, лоциран во непосредна близина на приватна болница.

    Во моментот на несреќата сè уште не бил познат точниот број на луѓе кои се наоѓале внатре. Спасувачките служби информираат дека повеќе од 40 лица биле извлечени живи од пламените јазици и итно пренесени во болница.

    Причините за избувнувањето на пожарот засега остануваат непознати и се предмет на истрага.

    Пожарникарите успеале да го стават огнот под контрола, но пребарувањето на објектот продолжило и по гаснењето со цел да се утврди дали има уште затрупани лица под урнатините.

    Сочувство за жртвите изрази и индискиот премиер Нарендра Моди, кој веднаш најави парична помош за настраданите во оваа несреќа.

    „Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство за жртвите и најави финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените, при што е предвидено обештетување од 200.000 рупии за семејствата на загинатите и 50.000 рупии за повредените.“

    Прочитај повеќе

    Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба

    25.08.2026 во 23:13

    Канада воведува нови царини за американските производи

    25.08.2026 во 23:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.