Author: Author 04

Вчера во 20:42 часот, во ОВР Струга е пријавено дека избувнал пожар во куќа во струшкото село Подгорци, сопственост на И.А.(53) од истото село. Во пожарот во кој нема повредени лица, предизвикана е материјална штета, а бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.

Повеќе

Зоолошката градина Скопје соопшти дека нивното семејство на џуџести мармозети се прошири со две нови бебиња. Станува збор за најмалиот вид мајмуни на планетата, кај кои возрасните тежат најмногу до 100 грама. „Двете бебиња се уште се тешко видливи со голо око. Тие постојано се на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група“, стои во соопштението на скопската Зоолошка. Овој вид е специфичен по тоа што целата заедница учествува во одгледувањето на младите, обезбедувајќи им заштита и храна уште од првиот ден.

Повеќе

Полициските службеници од Струга и Охрид реализираа успешни акции за откривање на наркотични дроги, кои резултираа со кривични пријави против четири лица.Вчера во 20:25 часот, на регионалниот пат Струга-Радожда, лишен од слобода е Н.М.(42) од струшкото село Заграчани, а на службен разговор е повикан Ш.К.(44) од селото Калишта. При извршена контрола во патничко моторно возило „хјундаи“ со струшки регистарски ознаки, во кое тие се превезувале, полициските службеници го забележале Н.М. како исфрла марихуана. Истата е пронајдена и одземена и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така вчера во 20 часот, на регионалниот пат…

Повеќе

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски утрово во Загреб одржа работна средба со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. На средбата на која се потврдија одличните билатерални односи меѓу двете земји, двајцата вицепремиери во фокус на разговорот го истакнаа проблемот со транспортерите и новиот систем за електронска евиденција во земјите од Шенген зоната. Вицепремиерот Николоски потенцира дека проблемот е суштински и се однесува за транспортниот сектор од целиот регион од Западен Балкан. Во своето излагање тој дополни дека овој проблем има поголем размер кој ги опфаќа и…

Повеќе

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27.01.2026 до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А. (36) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл. 215 став 1 од КЗ. На 26.01.2026 на булевар „Илинден“ во Скопје, при извршен преглед на патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А., полициски службеници пронајдоа две патнички торби во кои имало марихуана. Н.А. ја набавил дрогата за понатамошна продажба на лица на подрачје на град Скопје. Тој е лишен од слобода, а…

Повеќе

Последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат значително зголемување на водостојот на повеќето реки низ земјава во споредба со јануарскиот просек. Најголем пораст е забележан по текот на реката Вардар, особено кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија. Освен Вардар, зголемено ниво на водата е регистрирано и на следните локации: За разлика од останатите делови на земјата, минимално намалување на нивото е забележано единствено на реката Брегалница кај Берово. Што се однесува до трите природни езера – Охридското, Преспанското и Дојранското, нивните водостои се движат во рамките на вообичаениот просек за овој период од годината.

Повеќе

Државниот инспекторат на Република Хрватска упати итно известување до потрошувачите за повлекување на производот AliBaba Jeera Powder (Кумин во прав) од 100g и 400g. Причината за повлекувањето е утврденото присуство на пиролизидински алкалоиди, материи кои можат да бидат сериозно штетни за здравјето. Производот не е во согласност со европските регулативи за максимално дозволени нивоа на загадувачи во храната. Детали за спорниот производ: На купувачите им се советува веднаш да престанат со користење на овој зачин и да го вратат во продавницата од каде што е купен. Ова известување се однесува исклучиво на наведената серија.

Повеќе

Февруари 2026 година не носи спектакли или огномет, туку нешто многу поскапоцено – чувството дека коцките конечно се склопуваат. Според астролошките движења, овој месец е период кога се кршат долгогодишните бариери и упорноста конечно се наплаќа. Со Јупитер во Рак и влијанието на Сатурн и Нептун, илузиите паѓаат, а останува само она што има цврста основа. Четири знаци се наоѓаат на прагот на големи промени:

Повеќе

Страшна авионска несреќа ја потресе Индија откако авион кој полетал од Мумбај се урнал при слетување на аеродромот во Барамати. Во несреќата животот го загуби заменик-министерот на сојузната држава Махараштра, Ајит Павара, заедно со уште четири лица. Според информациите на „BBC“, покрај Павара, загинале и двајца членови на неговиот персонал, како и двајцата членови на екипажот. Снимките од местото на настанот се застрашувачки и прикажуваат остатоци од леталото обвиени во густ чад и пламен. Индискиот премиер Нарендра Моди веднаш се огласи на социјалната мрежа Х, изразувајќи длабоко сочувство до семејствата на настраданите. „Моите мисли се со сите кои ги загубиле…

Повеќе

Силната зимска бура што го зафати источниот дел на САД однесе најмалку 51 човечки живот. Здравствените власти информираат дека најчестите причини за смртност се хипотермијата и срцевите удари предизвикани при чистење на големите наноси од снег. Најкритична е состојбата во Њујорк, каде на отворено се пронајдени десет безживотни тела, додека во Лујзијана, Тенеси и Кентаки се потврдени осум смртни случаи од смрзнување. Трагични вести доаѓаат и од болницата во Тенеси, каде 46 деца се хоспитализирани поради труење со јаглероден моноксид, откако нивните семејства се обидувале да се затоплат во услови на прекин на електричната енергија. Екстремните временски услови предизвикаа колапс…

Повеќе