Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Манасиевски: Без писмени гаранции од ЕУ нема да има уставни измени

    (ВИДЕО) Манасиевски: Без писмени гаранции од ЕУ нема да има уставни измени

    01.06.2026 во 13:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција јавно ги соопшти партиските позиции во однос на евроинтегративниот процес и евентуалните уставни измени.

    Од владејачката партија порачаа дека земјата нема да прави нови отстапки додека не добие јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија во форма на заклучоци.

    Манасиевски упати остри критики до опозицискиот лидер Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, нагласувајќи дека граѓаните веќе платиле висока цена поради нивните претходни меѓународни договори.

    „Тогаш беше променето уставното име на Македонија, со длабоки уверувања дека тоа ќе значи сигурен влез во Европската Унија. Но, наместо членство во ЕУ, Македонија доби нови условувања, нови блокади и нови понижувања“, изјави портпаролот.

    Според партискиот став, секое понатамошно прифаќање на услови ќе биде блокирано доколку не се заштитат националните интереси и не се обезбеди сигурност за реален напредок кон ЕУ.

    Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ побараа официјална Софија да почне да ги спроведува одлуките на меѓународните судови кои се однесуваат на македонското малцинство во Бугарија.

    „Венко Филипче, наместо да бара уставни измени, нека му пренесе на својот бугарски претседател Румен Радев дека Македонија очекува конкретна испорака од бугарска страна, а таа испорака започнува со почитување и спроведување на пресудите од Стразбур“, рече Манасиевски.

    На крајот од своето излагање, тој децидно подвлече дека државата ќе го продолжи својот европски пат, но исклучиво на достоинствен начин и без прифаќање на уцени и диктати.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.