Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Лефков: Вистинското лице на СДС е афери, скандали, тендери и криминал, Богац уапсен поради сомнение дека местел тендери 

    (ВИДЕО) Лефков: Вистинското лице на СДС е афери, скандали, тендери и криминал, Богац уапсен поради сомнение дека местел тендери 

    03.06.2026 во 13:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес-конференција изнесе детали околу приведувањето на поранешниот директор на Царината и екс-градоначалник на Карпош, Стефан Богоев.

    Според партиските информации, сомневањата се поврзани со доделување договори за јавни набавки за одржување хигиена на граничните премини во периодот додека тој раководел со институцијата.

    „Поранешниот потпретседател на СДС и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали. На сајтот на јавни набавки се гледаат неколку тендери за оваа намена на кои потпис ставил Богоев. Повеќето ги добиле јавни претпријатија, а два тендери кои ги добила битолска фирма се со највисока вредност и во износ од околу 350 илјади евра“, изјави Лефков.

    Од владејачката партија посочуваат дека во целиот случај е инволвирано уште едно поранешно партиско лице од Прилеп, за кое тврдат дека веќе било предмет на претходни истраги.

    „Поранешниот претседател на СДММ и дете израснато од Зоран Заев кој во дадени моменти се заговараше и дека треба да го наследи, според обвиненијата наместил тендери заедно со уште едно лице Александар Спирковски викан Џемо од Прилеп, инаку поранешен претседател на ОО на СДС. Џемо инаку е лице кое во Прилеп плаќаше луѓе за да гласаат за СДС, лице кое тепа сограѓани сред бел ден и за тоа не одговара. Претходно тој беше и приведен како дел од аферата со прилепската болница кога Основното јавно обвинителство отвори истрага за финансиското работење во болницата“, додаде пратеникот.

    Лефков ја заврши прес-конференцијата со порака дека за ваквите случаи мора да следи соодветна законска разрешница.

    „Ова е вистинското лице на СДС. Афери, тендери, рекети и криминал. Одговорност за криминалите на СДС мора да има!“, заклучи Лефков.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.