Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба на дела на македонски уметници „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“

    Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба на дела на македонски уметници „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“

    03.06.2026 во 13:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, посветена на духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј и словенската писменост.

    Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ги претстави делата на македонските уметници Александра Костадиновска, Ана Митевска, Ангел Коруновски и Лазе Трипков, реализирани преку сликарство, фотографија и дигитални медиуми.

    Сиљановска-Давкова, оценувајќи ја изложбата како импресивна и моќна,  укажа дека уметноста е еден од најсилните облици на културна дипломатија и меѓусебно поврзување. 

    „Уште еднаш се покажа дека креативноста, умот и талентот се побрзи од светлината. Ова во моментот е градот на светлината, просторот којшто осветлува. Далечината меѓу Скопје и Братислава исчезнува за миг, а она што нѐ поврзува  е глаголицата“, рече Сиљановска-Давкова во изјава за медиумите.

    Според претседателката, делото на светите Кирил и Методиј не е само духовно и историско наследство, туку жив цивилизациски код што нè поврзува како народи.

    Пенушлиски се заблагодари на македонската амбасада во Братислава, Министерството за култура и туризам и Националниот центар за култура и образование во Братислава, за поддршката во реализацијата на изложбата, за којашто очекува да биде претставена и во други градови.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.