Вчера околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Орман, покрај реката Лепенец, бил пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање.
Како што се наведува во полицискиот билтен, кај телото била пронајдена картичка од автобус на име Ј.М.(70) од Скопје – женско лице.
Полициски службеници извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено во судска медицина за обдукција.

