Author: Author 04

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести каде е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30% од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14% од нив се соочуваат со екстремна дебелина. -     Отворањето на овој центар претставува исклучително важен и долгоочекуван чекор во нашиот здравствен систем. Детската дебелина не е само естетски или нутриционистички проблем, туку…

Повеќе

16885 сообраќајни прекршоци во мај, 4.473 за непочитување на пропишаната брзина, одземени се 238 возила по член 300-б од Кривичниот законик Во текот на изминатиот месец како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16885 издадени платни налози, 4.473 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, 3851 за непрописно паркирање, 920 за користење мобилен телефон. По однос на прекршоци по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“, санкционирани се 70 возачи за возење под…

Повеќе

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје информира дека од денеска, 1 јуни 2026 година (понеделник), стапува на сила летното сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање. Станува збор за зонските паркиралишта со кои стопанисува ова јавно претпријатие на подрачјето на главниот град. Според утврдениот распоред, новото работно време во зоните А, Б, Ц и Д ќе се применува во текот на шест дена од неделата. Граѓаните ќе можат да ги користат паркинг местата и да извршат наплата во следниот термин: Од јавното претпријатие упатија и посебен апел до возачите кои ги користат нивните услуги со цел да…

Повеќе

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција јавно ги соопшти партиските позиции во однос на евроинтегративниот процес и евентуалните уставни измени. Од владејачката партија порачаа дека земјата нема да прави нови отстапки додека не добие јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија во форма на заклучоци. Манасиевски упати остри критики до опозицискиот лидер Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, нагласувајќи дека граѓаните веќе платиле висока цена поради нивните претходни меѓународни договори. „Тогаш беше променето уставното име на Македонија, со длабоки уверувања дека тоа ќе значи сигурен влез во Европската Унија. Но, наместо членство во ЕУ, Македонија доби…

Повеќе

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до раководството на синдикатот, барајќи одговори за начинот на кој се трошат парите на членството. Тој јавно ги повика првите луѓе на синдикалните организации, Трпе Деаноски и Слободан Трендафилов, да појаснат дали средствата на работниците се користат за лични привилегии. „Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат за работниците и да се борат за членството, а не да им ги трошат парите на синдикалците за луксузни патувања, привилегии и спортски игри на Јадранот“, изјави Петрушевски. Според информациите кои пратеникот тврди дека ги добил од свиркачи во УПОЗ,…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 10,867%, кај дизелот за 10,622%, кај екстра лесното масло за 10,136% и кај мазутот има намалувањето е за 8,238 %.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка…

Повеќе

Вчера во 16:50 часот во атар на с.Србјани, до река Треска, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Д.(69) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава од М.Б.(60) од Кичево, вработен како рибочувар во риболовно друштво, дека во 16:45 часот физички го нападнал, при што се обидел да употреби и остар предмет. При лишувањето тој агресивно се однесувал кон полициските службeници, а по извршените проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 18:40 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистрален пат на превој Стража се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(69) од Кичево, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(43)  од Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.М.(45) од Скопје. Во несреќата со повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Повеќе

Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.И.(21) и А.Д.(40), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и шише исполнето со течност. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Г.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, без знаење и согласност на неговиот татко, ги искористил личните податоци од неговата лична карта и на 08.08.2025 аплицирал за онлајн кредит во финансиско друштво во износ од 15.000 денари.

Повеќе