Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Секое трето дете во Македонија има зголемена тежина, отворен специјален центар во Козле

    Секое трето дете во Македонија има зголемена тежина, отворен специјален центар во Козле

    01.06.2026 во 13:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести каде е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата.  Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30% од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14% од нив се соочуваат со екстремна дебелина.

    -     Отворањето на овој центар претставува исклучително важен и долгоочекуван чекор во нашиот здравствен систем. Детската дебелина не е само естетски или нутриционистички проблем, туку комплексна состојба која бара ран и мултидисциплинарен пристап. Затоа овој центар овозможува тим од педијатри-ендокринолози, нутриционисти, психолози и физијатри заеднички да работат со децата и со нивните семејства. Како и кај останатите центри за менаџирање со дебелина во државата, пристапот до услугите се одвива преку системот „Мој Термин“. Матичниот лекар или матичниот педијатар прво ја евидентира состојбата и доколку има потреба од специјалистички третман, издава упат директно за Одделот за ендокринологија со молекуларно-генетска дијагностика, во чиј состав е и Центарот на Детската клиника. Таму се спроведуваат детални молекуларно-генетски, хормонални и метаболички испитувања за да се утврди точната причина за обезноста и да се одреди индивидуален план за лекување, појаснува министерот Алиу.

    Навремениот третман на дебелината кај децата спречува појава на сериозни здравствени проблеми во тинејџерските години и во подоцнежна возраст, како што се дијабетес тип 2, кој сè почесто се јавува кај децата, кардиоваскуларни нарушувања и висок крвен притисок, ортопедски проблеми, односно деформации на зглобовите и колената, како и психолошки проблеми, социјална изолација и стигматизација.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.