Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Франција се подготвува за нови протести: Засилени безбедносни мерки и 2.500 приведени лица досега
    • Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Jасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа
    • Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена
    • Потврден случај на ебола во главниот град на Нигерија
    • Средба Шасивари – Малукос: Силна поддршка од Атина за европската интеграција и реформите во правосудството
    • Владини веб-страници исклучени поради критични безбедносни пропусти: Итна реакција низ Европа
    • Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
    • Скопје: Се судрија автобус и автомобил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Девет лица загинаа во масовните руски напади врз Украина, погодени станбени згради во Киев

    Девет лица загинаа во масовните руски напади врз Украина, погодени станбени згради во Киев

    02.06.2026 во 10:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку девет лица го загубија животот, а десетици се повредени во големиот воздушен напад што Русија го изведе врз повеќе градови низ Украина во текот на ноќта.

    Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информираше дека во главниот град биле погодени две високи станбени згради, при што постојат стравувања дека под урнатините сè уште има заробени луѓе.

    „Во моментов, во главниот град се познати четири смртни случаи. Пријавени се 51 повредени лица, вклучувајќи три деца. Лекарите хоспитализирале 35 лица, а на останатите им е укажана помош на лице место и амбулантски“, рече Кличко во објава на Телеграм.

    Според неговите извештаи од терен, штетите се распространети во повеќе зони на градот. Како што изјави тој, „како резултат на масовниот напад на непријателот врз главниот град, евидентирана е штета во различни делови од градот“.

    Пред почетокот на ударите, првиот човек на Киев упати предупредување до граѓаните за можноста од масовен напад и апелираше населението да остане во безбедните засолништа.

    Прочитај повеќе

    Франција се подготвува за нови протести: Засилени безбедносни мерки и 2.500 приведени лица досега

    21.10.2026 во 20:14

    Потврден случај на ебола во главниот град на Нигерија

    21.10.2026 во 19:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.