Author: Author 04

Дека на СДС соопштенијата им ги пишува Башановиќ и неговиот ПР тим, во невнимание на СДС тоа им излезе на површина, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Не им замеруваме, навистина во недостиг на аргументи, политика и визија, се занимаваат со работи кои не им се нивна работа. Разликата е едноставна, Мицкоски си има заработено на чесен и транспарентен начин, а Заев и Филипче и нивните пајташи, дојдоа на власт, ја укродоа државата и си се амнестираа од одговорност. До следно соопштение од Србија, размислете зошто имате само 460 делагати на конгрес од 740“, стои во соопштението.

Повеќе

Огромна база на податоци со најави за стотици услуги, која со месеци стоела незаштитена на интернет, предизвика паника кај безбедносните експерти. Се проценува дека се компромитирани дури 149 милиони сметки, вклучувајќи ги услугите на Google, Instagram и Netflix, но и домени поврзани со владини и образовни институции. Најголемиот ризик лежи во е-пошта сметките. Експертите предупредуваат дека откако хакерите ќе преземат контрола врз е-поштата, тие лесно можат да ги ресетираат лозинките за социјалните мрежи, услугите за стриминг, па дури и за финансиските апликации. Ова често води до целосно губење на дигиталниот идентитет и финансиски измами. Криминалните групи користат автоматизирани системи кои…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во вечерашното гостување на ТВ Сител предупреди на сериозни економски последици доколку Европската унија ги воведе најавените мерки за македонските превозници и извозници на челик. Според неговите проценки, штетата би била енормна и би ги поништила придобивките од европската помош. „Доколку се примени мерката кон нашите превозници и тарифите врз челичната индустрија, ние ќе платиме цена која ќе биде четири до шест пати повисока од средствата што би ги добиле од Планот за раст“, истакна Муцунски. Тој додаде дека е неприфатливо земјите од Западен Балкан да се ставаат во иста група…

Повеќе

Цената на суровата нафта порасна за осум проценти од почетокот на јануари, достигнувајќи вредност над 66 долари за барел. Ваквиот скок е директна последица на проблемите со снабдувањето од Казахстан, но и на сериозните закани за напади на САД врз Иран, велат извори од Вашингтон за „Ројтерс“. И покрај турбуленциите, групата ОПЕК+ планира во март да ја потврди одлуката за паузирање на нормализацијата на снабдувањето. Ова значи дека клучните извозници, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Русија, нема да пуштат дополнителни количини нафта на пазарот во текот на првиот квартал од 2026 година, со цел да се одржи стабилноста на цените…

Повеќе

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска упати сериозно предупредување до европратениците, истакнувајќи дека Украина се соочува со најтешката зима во последната деценија. Руте побара од Европската унија да не поставува престроги услови за користење на заемот од 90 милијарди евра наменет за безбедноста на Киев. „Ве повикувам да обезбедите флексибилност и да не бидете премногу рестриктивни со правилата ‘купувај европско’“, порача Руте во Европскиот парламент. Тој објасни дека иако Европа ја гради својата одбранбена индустрија, во моментов таа не може да обезбеди ниту приближно доволно опрема за потребите на Украина. Според шефот на Алијансата, безбедноста на Украина е безбедност…

Повеќе

Полицијата во Бијело Поље поднесе кривична пријава против С.Б. поради сомнение дека се обидел да убие куче скитник и го ранил својот брат, соопшти Полициската управа (ПД). „Постапувајќи по информации дека лице со повреда на бутот претрпело залутана рана од огнено оружје дошло во болницата во Бијело Поље за медицинска помош, полициските службеници од Бијело Поље презедоа итни мерки и дејствија и, врз основа на оперативните активности на терен, го решија овој инцидент и поднесоа кривична пријава против едно лице“, се вели во полициското соопштение. Како што наведоа, поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност, бидејќи ова дело…

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ коментираше за актуелните настани во светот. Кога имав 16, 17 години, девојка ми ме напушти, и една година не можев да се освестам, размислувајќи како ќе биде со мене – нагласи Вучиќ и додаде: Па, исто е и со Европа, таа мисли дека Америка ќе ѝ се врати, дека оваа љубов е вечна. Не е. Како што рече Вучиќ – „никогаш нема да се врати, некој само треба да им објасни и да им каже“.

Повеќе

Седум лица го загубија животот, а еден член на екипажот е тешко повреден откако приватен авион се урна на аеродромот Бангор во американската држава Мејн. Несреќата се случила во неделата навечер, во моменти кога регионот беше погоден од невидена снежна бура која предизвика хаос низ целата земја. Според Федералната администрација за воздухопловство (FAA), деловниот авион од типот „Bombardier Challenger 600“ се урнал при полетување и веднаш се запалил. „На аудио-снимката од контролата на летање се слушна удар околу 45 секунди откако авионот доби дозвола за полетување. Првите реагирачи пристигнаа помалку од една минута подоцна“, изјави директорот на аеродромот, Хозе Сааведра.…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година до 23.01.2026 година, во угостителски објект во валандовското село Јосифово, неовластено заради продажба држел 121,40 грама марихуана, 751,99 грама хашиш и 37,44 грама мешавина од хашиш и марихуана. Дрогата била спакувана во најлонски и книжни омоти ставени во пластична кофа со капак под работната иноксна маса во објектот. Полициски службеници пронашле и една пластична вага со остатоци од наркотична дрога. Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре ќе оствари работна посета на Општина Гази Баба, каде ќе присуствува на почетокот на неколку значајни инфраструктурни проекти. Според агендата, во 11:00 часот премиерот ќе го означи почетокот на градежните активности за реконструкција на улицата „Петре Филиповски-Гарката“ во населбата Триангла. Веднаш потоа, во 11:20 часот, Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен-темелник за нова спортска сала во основното училиште „Григор Прличев“ во населбата Железара. По завршувањето на активностите во училиштето, предвидено е премиерот да даде изјава за медиумите во врска со новите проекти во општината.

Повеќе