Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата

    08.07.2026 во 09:28

    Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите

    08.07.2026 во 09:25

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората

    08.07.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата
    • Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората
    • СДСМ: Мицкоски сака да направи манипулација со 200.000 гласови од дијаспората
    • Сиљановска во Анкара: Најсилна е Европа која живее во мир и демократија
    • Ѓорѓиевски: Водно станува побезбедно и поуредно место
    • Кос, Јаневска и Сали во посета на „Стив Наумов“ – Во тек е голема реконструкција
    • Мисајловски на средби со министрите за одбрана на НАТО: Во фокус модернизацијата на Армијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за „Онкологија“: Документацијата се вештачела во Србија и Словенија, судот бара рок од 15 дена за проверка на грешки

    Судење за „Онкологија“: Документацијата се вештачела во Србија и Словенија, судот бара рок од 15 дена за проверка на грешки

    01.06.2026 во 14:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со вкрстено испитување на техничкиот советник на Обвинителството, Милан Ристески, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ против поранешниот директор Нино Васев и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување.

    Одговарајќи на прашања од одбраната на Драган Јакимовски, вештакот Ристески појасни дека вештачењето е од 26 јануари 2024 година, а најголем дел се медицински досиеја на пациенти кои биле дадени на вештачење во странство – во Словенија и Србија.

    Запрашан дали селектираната документација била комплетна за тие лица, тој одговори потврдно, но додаде: „тоа што е спакувано и како не знам“, бидејќи пакувањето не го правел тој. Тој потврди и дека во документацијата имало пациенти и на други доктори.

    Поради ова, судот го задолжи вештакот во рок од 15 дена да достави писмено известување за тоа дали постои техничка грешка во изготвените извештаи која се однесува на имиња на доктори или терапија внесени во налогот и заклучокот.

    Претходно, вештакот одговараше на прашања од одбраната на обвинетата Симонида Црвенковска околу препораките од американските и европските онколошки здруженија (ФДА, АСЦО и ЕСМО) за методите на лечење.

    „Препораките се жива и променлива категорија и се темелат на резултати од клинички студии, но и од стекнатите искуства на онкологот“, посочи вештото лице.

    Според него, препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот, но потврди дека обвинетата Црвенковска не е опфатена во тој дел од извештајот. Тој не можеше да потврди дали лекот „ерлотиниб“ бил донација или остаток од други пациенти, додавајќи дека изворот на лековите не бил предмет на вештачењето, туку оправданоста на нивното давање.

    Следното рочиште е закажано за 15 јуни, кога Обвинителството треба да ги обезбеди преостанатите неиспитани сведоци. Судот информираше дека досега се испитани сите оштетени за кои имало лични документи, по што ќе следува сослушување на техничкиот советник на одбраната.

    Во овој процес, поранешниот директор Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски се обвинети за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување на 47 пациенти со неподобни терапии. Второобвинетата Мери Пешевска претходно ја призна вината и доби две години условна казна затвор.

    Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО – Скопје.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата

    08.07.2026 во 09:28

    Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите

    08.07.2026 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.