Close Menu
Press24
    Најново

    Штипјанец сее обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција

    29.10.2026 во 17:02

    Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини

    29.10.2026 во 16:56

    Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари

    29.10.2026 во 16:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Штипјанец сее обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Уметничката колекција на ЕВН од Австрија одбележува30-годишен јубилеј со автентична изложба во Скопје

    Уметничката колекција на ЕВН од Австрија одбележува30-годишен јубилеј со автентична изложба во Скопје

    03.06.2026 во 16:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    – По повод одбележувањето на јубилејот-30 години на евн колекција, свечено беше отворена автентична изложба „Тапети“ која обединува дела од богатите збирки на колекцијата на ЕВН Австрија и Музеј на современата уметност – Скопје. Изложбата, со 70 избрани дела од угледни меѓународни и реномирани македонски уметници го отсликува долгогодишното партнерство помеѓу Македонија и Австрија. Поставката ќе биде достапна на македонската јавност до 15 јули.



    Евн колекцијата е значајна корпоративна уметничка збирка со фокус на меѓународна современа уметност. Постои од 1995 и создава дијалог меѓу различни уметнички изрази и перспективи и ја отсликува посветеноста на ЕВН Групацијата кон поддршка на културата и креативноста.

    На свеченото отворање, покрај менаџментот на ЕВН Македонија, присуствуаше и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Австрија, г. Штефан Шишковиц, министерот за култура и туризам, г.Зоран Љутков, амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Н.Е. Мартин Памер, претставници на институции, културната јавност, деловни партнери и бројни гости.


    Во своето поздравно обраќање, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер, истакна дека изложбата симболично поврзува два значајни јубилеи – 30 години од евн колекцијата и 20 години присуство на ЕВН на македонскиот пазар. „На прв поглед, енергијата и уметноста припаѓаат на различни светови. Едната го движи секојдневниот живот, додека другата инспирира идеи и емоции. Но и двете имаат моќ да ги поврзуваат луѓето и да создаваат трајни вредности. Горди сме што дел од евн колекцијата, успеавме да ѝ го доближуваме на македонската јавност и придонесуваме кон културната размена меѓу двете пријателски земји“, истакна тој.


    Министерот за култура и туризам, г. Зоран Љутков, упати посебна благодарност до сите институции и поединци кои придонесоа за реализацијата на овој значаен културен проект и истакна дека оваа изложба е многу повеќе од претставување на уметнички дела – таа е симбол на
    долгогодишното пријателство, соработка и заеднички вредности што ги поврзуваат Македонија и Австрија.



    ЕВН Македонија, како општествено одговорна компанија, ја препознава културата како важен
    столб на општествениот развој и моќна алатка за зацврстување на врските меѓу луѓето и народите. Преку својата долгорочна поддршка на културните иницијативи, компанијата останува посветена на создавање вредност не само во енергетскиот сектор, туку и во заедниците во кои делува.

    Прочитај повеќе

    Штипјанец сее обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција

    29.10.2026 во 17:02

    Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини

    29.10.2026 во 16:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.