- Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
- Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
- Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
- Земјотрес ја погоди Србија
- Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
- Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
- Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
- Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
Author: Author 04
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција излезе со сериозни обвинувања на сметка на претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски. Тој тврди дека Деаноски потрошил над 60.000 евра од парите на синдикалците, собрани од чланарини, за организирање на спортски игри и луксузирање во Црна Гора. Според Петрушевски, лажната скромност на синдикалните водачи конечно излегла на виделина, додека работниците во Македонија се соочуваат со сиромаштија. Пратеникот ги соопшти деталните обвинувања за патувањето на раководството на УПОЗ: „Додека во Македонија вели дека се мали платите и дека се борел за поголеми плати, дека граѓаните живееле во сиромаштија и…
Царинската управа на Македонија изведе серија успешни акции во кои се запленети огромни суми на пари, нелегални лекови и дрога, а во тек се опсежни истраги за шверц кои досега биле незамисливи за работење, откри директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во своето гостување на „Топ тема“ на Телма телевизија. Николовски соопшти шокантни бројки за сработеното на терен и заплените кои ги реализирале неговите служби: „Запленивме половина милион евра кеш, 25 илјади парчиња лекови и медицински инструменти, во тек е истрага за заплена на 80 килограми марихуана по информација на царинското разузнавање, а веќе неколку месеци во тек е и…
Вчера во 08:30 часот во Центарот за социјални работи во Кичево, С.М.(50) и нејзината сестра Д.М.(46), двете од Кичево, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебно агресивно и непристојно однесување. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална…
Вчера во 16:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом во Охрид физички го нападнал неговиот 64-годишен татко. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
77-годишна српска државјанка е извлечена во несвест од морското подрачје во близина на Ханиоти на Халкидики, во општина Касандра, пренесе ЕРТ. Според соопштението од Пристанишната управа на Неа Мудања, која утрово била известена за инцидентот, 77-годишната жена била пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар Касандра, каде што била констатирана смрт. Второто пристанишно одделение на Неа Мудања при Централната пристанишна управа на Солун ја спроведува прелиминарната истрага, додека телото ќе биде префрлено во Институтот за судска медицина во Солун за обдукција.
Летните температури пристигнаа во Македонија уште пред официјалниот почеток на летото. Најновите официјални мерења на УХМР направени денеска точно во 11:00 часот покажуваат дека живата во термометарот веќе ја надмина границата од 30 степени Целзиусови. Според податоците од мерните станици, традиционално најжешко е во Гевгелија, каде во 11 часот се измерени високи 30,6°C. Веднаш зад неа се Велес со 29,2°C и Струмица со 28,5°C. Во главниот град Скопје, односно на мерната станица Скопје-Петровец, во 11 часот се измерени 27,8 степени, додека на Зајчев Рид температурата изнесува 28,2°C. Исто толку, односно 28,2°C се измерени и во Демир Капија. Од поголемите градови…
Двајца тинејџери – 16-годишно момче и 15-годишно девојче – се уапсени во Франција под сомнение дека брутално го задавиле малите Тео (11), чие безживотно тело беше пронајдено во грмушки во градот Рен. Обвинителот на Рен, Фредерик Тајлер, ја згрози јавноста откривајќи го мотивот за ова свирепо убиство: двајцата малолетници признале дека го убиле детето за „одмазда“, за да си ја вратат назад рибарската опрема вредна само неколку десетици евра. Телото на кутрото момче било пронајдено во неделата во грмушки, во близина на реката каде што отишол да лови риба. „Младата жртва е пронајдена свиткана во грмушка, со влажен пешкир за…
Бројот на потврдени случаи на зараза со опасниот хантавирус поврзани со луксузниот крузер „МВ Хондиус“ се искачи на 13, соопшти денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој преку официјално соопштение на социјалната мрежа Икс објави дека Шпанија пријавила нов случај меѓу патниците кои се наоѓаат во строг карантин, со што вкупниот биланс достигна 13 заразени лица. Состојбата е сериозна бидејќи вирусот веќе однесе и човечки жртви. „Според досегашните информации, меѓу заразените има и три починати лица, но од 2 мај наваму не се регистрирани нови смртни случаи.“ Гебрејесус наведе дека ситуацијата во моментов останува стабилна,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во средата успешно го елиминирале новоназначениот воен водач на Хамас во Појасот Газа, помалку од две недели по смртта на неговиот претходник. Мохамед Одех бил убиен во прецизен напад врз комплекс згради во градот Газа во вторникот, по неколкумесечен интензивен разузнавачки надзор, стои во заедничкото соопштение на израелската армија и безбедносната служба Шин Бет, пренесува ДПА. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац експресно потврдија дека токму Одех, командантот на военото крило на Хамас, бил главната цел на оваа воена операција. Воените власти ја соопштија и клучната причина за неговата елиминација:…
